Вести

Објавено на февруари 26th, 2015 | од Stefan Spasenovski

0

За претприемништвото во Македонија и успешните приказни

This post is also available in: English

Која е историјата на претприемништвото во Македонија? Како се развиваше низ годините? Кои се предносите, а кои слабостите, како и тоа кои се предизвиците на претприемништвото во земјава? На овие и други теми разговаравме со Зоран Витанов, од ЦЕФЕ Македонија.

-Конкретно, претприемништвото во Македонија има неколку недостатоци, кои се објективна пречка, но не се доволна за луѓето да не влезат во претприемачки води . Најсериозна пречка, и тоа не само во Македонија, туку и во регионот, е премногу несмасно, но интензивно мешање на државите, односно владините политики во сферата на претприемништвото. Политики кои го демотивираат лидерот и претприемачoт сигурно да влезе во овие води – рече Витанов.

Својата успешна бизнис приказна ни ја раскажа претприемачот и креатор на апликациите TweetsPie, Pravoslaven Kalendar и Ooshies, Иван Медо Димоски.

Тимот на проектот „Зошто да одите во странство кога може да останете и да ја развивате вашата држава“ продолжува со снимање на видео записите и во следните денови. Ако и вие сакате да учествувате во некоја од темите за видеата, или позавате некого кој сметате дека заслужува да пренесе искуство, слободно контактирајте нè на info@cefe.mkIMG_6115 IMG_6168

 


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑