Објавено на јули 21st, 2015 | од Stefan Spasenovski
0Заклучоци и информации од конфернција „Јакнење на претприемачкиот екосистем во Р.Македонија“
This post is also available in: English
Економските актери и креирачите на политики во Македонија нон стоп бараат решенија за да создадат нови работни места и да го стимулираат економскиот раст. Во таа цел најпотребно е креирањето на нови и иновативни компании, но сеуште многу предизвици стојат при нивното креирање и развивање.
Преку оваа конференција имавме за цел да придонесеме кон:
– идентификување на сегашните и идните актери во претприемачкиот екосистем,
– потенцирање на некои од бариерите за креирање и развој на новите компании, и како да ги решиме,
– идентификување на чекори што креирачите на политики можат да ги превземат за развој на претприемачкиот екосистем во државата,
– пронаоѓање на иновативни идеи за соработка меѓу актерите во системот, што би резултирало со висок раст на претприемништвото.
На конференцијата присуствуваа: студенти, вработени, невработени, потенцијални и постоечки претприемачи, претставници на институции кои го поддржуваат претприемништвото, финансиски институции, здруженија на граѓани, јавни институции за креирање на политики, лидери и претставници на бизнис инкубатори, акселератори, бизнис ангели, кредитни фондови.
Програма (превземи детална програма)
Сесија 1: Клучни актери во Македонскиот претприемачки екосистем
Факт е дека претприемништвото процветува во околина каде што има функционален претприемачки еко систем составен од: микс на стартап компании, големи компании, универзитети, финансиски фондови, силни институции, истражувачки центри и пазар. Секако тој зголемен интерес за „претприемачки екосистем“ се јавува во многу држави и региони по светов, бидејќи сите сакаат да креираат нешто налик Силиконската Долина.
Паралелна Сесија 1.1
Модератор: Наташа А. Алабаковска
* Улогата на бизнис акселераторите и бизнис ангелите за развој и поддршка на претприемаштвото во Македонија?
* Улогата на филантропијата во поддршка на претприемништвото?
* Каде сме и што треба да се подобрува?
Говорници:
Јован Маџовски – Регионален директор на ЦЕЕД за Македонија, Албанија, БиХ, Молдавија и Србија
Никица Кусиникова – извршнa директорка на здружението за промовирање и за поттикнување општествена одговорност на претпријатијата „Конект“
Паралелна Сесија 1.2
На почетокот од оваа сесија модераторот Проф. Д-р Мимоза Богданоска Јовановска ја претстави темата на сесијата и говорниците:
* Како Универзитетите ги мотивираат студентите да размислуваат претприемачки
* Како посредничките организации го развиваат претприемаштвото (Бизнис Центри, Бизнис Инкубатори, Технолошки паркови, финансиски институции, итн.)
* Каде сме и што треба да се подобрува – од апсект на креирање на нови претпријатија?
* Какви активности се потребни за подобрување на екосистемот?
Говорници:
Константин Петковски (презентација) – Професор на Техничкиот факултет во Битола
Виолета Николова (презентација) – МБА, Директорка на Центар за жени претприемачи Скопје
Петар Котевски – Претставник на бизнис сектор – сопственик на компанија за производство на видео игри „Камај Медиа“ – Битола
Сесија 2: Политики за промовирање и јакнење на претприемачкиот екосистем во државата
Политиките и законите играат голема улога во развојот на претприемачкиот екосистем и соработката меѓу актерите во него. Меѓутоа потребни се докази за да увидиме кои пристапи, програми и политики се ефикасни и даваат резултати. Во оваа сесија, инволвираните во креирањето на тие политики ги пренесоа своите искуства, погледи и практики.
Модератори: Наташа А. Алабаквска и Мимоза Б. Јовановска
* Кој е најсвежиот пример на политики кои го поттикнале развојот на претпремништвото во Македонија?
* Што прават државните институции за поттикнување на претприемаштвото?
* Примери на политки кои биле ефективни или неефективни?
* Кои од предложените идеи и политики би можеле да бидат прифатени од парламентот и како тие би се спровеле најефикансо?
* Кои политики или олеснувања можат да се најефективни во соработката на стартапите со државните институции и големите компании?
Говорници:
Јешим Сејфуловска (презентација) – Раководител на Центар за вработување Битола
Јасмина Поповска (презентација), – Директор на Фонд за иновации и технолошки развој
Виолета Налевска (презентација) – Раководител на сектор за локален економски развој, Општина Битола
Зоран Витанов – Косопственик на ДОО Трејд Консалтинг, и коосновач на „ЦЕФЕ Македонија“
Материјали од конференцијата:
* Крајни заклучоци и препораки за развој на претприемачкиот еко систем во Македонија
* Агенда на настанот
* Биографии на говорниците
* Завршна презентација со претставување на резултатите од проектот „Зошто да одите во странство кога може да останете и да инвестирате во вашата земја“
* Едностран приказ на реззултати од проектот
Медиуми:
* Прес клипинг (TV Orbis, Dnevnik)
* Фотографии – CEFE Macedonia Facebook fan page
Практични информации:
* Време на одружвање на конференцијата: 19.06.2015
* Место: Хотел Капри – Битола
* Контакт: Јован Сталевски, менаџер на проектот j.stalevski@cefe.mk