Говорот на проф. Голдберг на ТЕДх Фулбрајт

[embedyt] http://www.youtube.com/watch?v=Wk7GSxUMqAk[/embedyt]

 

Светот слушна за Битола, за Македонија и за тимот кој што работеше на креирањето на Македонската претприемачка приказна – Наташа Чавдаровска, Елена Стојановска, Искра Трајкоска и Јован Сталевски.
Во погорното видео од говорот на проф. Мајкл Голдберг во Санта Моника на ТЕД х Фулбрајт тој зборува за добивките што ги нудат масивните отворени онлајн курсеви, а конкретно за импактот што го предизвика неговиот курс “Beyond Silicon Valley: Growing Entrepreneurship in Transitioning Economy” .

„Традиционалните начини на оценување не се применливи во форматот на мерење на успешноста на МООК, туку акциите кои што се превземени од студентите, користејќи ги информациите и знаењето од тој МООК“ вели проф. Голдберг.

Нашиот проект „Зошто да одите во странство кога може да останете и да инвестирате во вашата земја“, произлезе како пропратна активност од студенти од Битола и доби поддршка за реализација од Американската Амбасада во Скопје U.S. Embassy Macedonia