Глобална ЦЕФЕ Конференција за Претприемништво 2022

Претприемачи и идни претпприемачи, лидери, организации и институции, Ве покануваме заедно да го славиме претприемништвото!

Со големо задоволство сакаме официјално да Ви ја најавиме првата Глобална ЦЕФЕ Конференција за Претприемништво, која ќе се одржи во Хотел Панорамика во Скопје, Македонија на 25 и 26 август, 2022 година.  

КОНФЕРЕНЦИЈАТА ЌЕ ГИ СЛАВИ

  • 15 години пријателство и соработка од формирањето на ЦЕФЕ Македонија;
  • 25 години откако ЦЕФЕ Методологијата гради компетентни економии во Македонија и Југоисточна Европа;
  •  Македонија за прв пат во 30 години е домаќин на интернационална ЦЕФЕ конференција;
  • Поддржувачите и придонесувачите во претприемачкиот еко систем;
  • Претприемачите кои креираат нова вредност за сите нас;
  • Еразмус + програмата и проектот „Глобална Размена и Обуки за Младинско Вработување 2

ЗОШТО ДА НИ СЕ ПРИДРУЖИТЕ?

  • Да се вмрежите и создадете пријателства со луѓе од светот;
  • Да понесете добри практики за поддршка на претприемачите;
  • Да научите за финансиски можности за реализација на вашите проектни идеи;
  • Да се запознаете и вклучите во ЦЕФЕ стратегијата за 2030 година;
  • Ќе добиете официјален сертификат за учество на конференцијата
  • и најважно од се, да се забавувате и да понесете убави спомени;

На настанот ќе има повеќе од 70 гости од 5 различни континенти. Запознајте ги и вмрежете се со нашите говорници и лидери:

Конференцијата ќе содржи инспиративни разговори од претприемачи и лидери кои ќе ги споделат своите размислувања и практики за тоа нивните инспирации, идеи и нивните искуства во пребродување на предизвиците, а вие ќе добиете шанса да се поврзете со други истомисленици кои сакаат да научат повеќе за претприемништвото!

Агенда за настанот погледнете ја на следниот линк: https://bit.ly/3PoRzvL

Резервирајте го вашето учество на една од следните форми:

Пријавување и информации кај организаторите:

  • Сара Цветковска 078 714 993 info@cefe.mk
  • Благој Трајков 071 324 959 blagoj.t@cefe.mk 

Глобалната ЦЕФЕ Конференција за претприемништво е дел од проетктот GET YES2 (Global Exchange and Training for Youth Employment Services 2), финансиран од Еразмус+ програмата.