Проекти

Објавено на декември 2nd, 2015 | од admin

0

6. „Глобална размена и обуки за младинско вработување“

Финансиран од: EУ Еразмус плус програма

К2 акција: Соработка за иновации и размена на добри практики

 

Носител: ЦЕФЕ Македонија

Партнери:

CEFE International GmbH, Германија

Business Works Limited, Јамајка

Plataforma Áurea, Чиле

Philippine CEFE Network Foundation, Филипини

 

Временска рамка: 01.10.2015-31.05.2017

 

Главна цел: да се поттикне соработка, размена, надоградба на добри практики меѓу организациите учеснички во проектот, специјализирани во креирање на работни места, а со тоа подобрување на нивните капацитети за намалување на невработеноста кај младите, професионализација на младински работници и поддршка на претприемаштвото.

 

Специфични цели:

– Да се зголемат капацитетите на партнерските организации кои работат со млади, преку размена на најдобрите практики за вработување на младите, градење на капацитетите на човечките ресурси;

– Да се лансираат, тестираат и имплементираат младински практики како: алатки за обуки, модули и методи за социо-професионален развој на 20 младински работници и обучувачи (дел од партнерскиот конзорциум), и методи кои промовираат стекнување/подобрување на компетенциите на 200 млади невработени лица (50% од нив со помали можности); по 1 година, ќе бидат вработени околу 50% од нив;

– Да се развие Компендиум со модули за обуки и Брошура за најдобрите практики за борба против невработеноста кај младите;

– Да се промовира стратешка соработка помеѓу младинските организации и организации во областа на едукацијата и обуките, како и со претставници од бизнис секторот;

– Да се зајакне менџирањето, иновациите и интернационализацијата на младинските организации во партнерските земји.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑