Објавено на април 14th, 2015 | од Stefan Spasenovski
0Бизнис средби низ градовите во Македонија
This post is also available in: English
Студенти, невработени или вработени граѓани, постојни или идни претприемачи, владини претставници, претставници на универзитетите, претставници на граѓанскиот сектор – тимот на проектот „Зошто да одите во странство кога може да останете и да ја развивате вашата земја“ ве поканува на бизнис средби кои ќе се одржат во 7 града во земјава и тоа: Скопје, Битола, Тетово, Штип, Охрид, Струга и Струмица.
Овој проект го имплементира ЦЕФЕ Македонија во партнерство со: Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола и Центар за одржливост и напредна едукација Битола. Истиот започна на 1-ви Декември 2014 и ќе се спроведува до 31-ви Мај 2015 година. Проектот е делумно поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.
На бизнис средбите ќе се прикажуваат и видеа со примери од македонската економија на следните теми:
1. Историја на претприемаштото: Како се развивало претприемаштвото во Македонија, кои биле предизвиците, препреките, каде сме денеска?
2. Улога на влада во поддршка на претприемачите: Кои се Владините програми за поддршка и развој на претприемништвото, кои мерки се преземаат, примери на поддржани компании, како други Влади од транзициони економии од светот ги мотивираат претприемачите, итн.
3. Филантропија: Колку е филантропијата развиена во Македонија, дали имаме филантрописти кои поддржуваат претприемачи, кои се примерите и нивните искуства, итн.
4. Посреднички организации: Каква е улогата на организациите кои го поддржуваат претприемаштвото, колкав е процентот на поддржани претприемачи, кои типови на поддршка ги нудат, колкава е заинтересираноста кај младите да отворат свој бизнис, итн.
5. Улога на образовни институции: Дали факултетите во Македонија ги мотивираат студентите да размислуваат претприемнички, колку имаме истражувачи, колку од истражувањата се комерцијализираат, дали студентите ги стекнуваат потребните вештини за да најдат работа, каде постои јазот помеѓу пазарот на трудот и вештините, итн.
6. Пристап до финансии: дали бизнисите во Македонија имаат потенцијал да привлечат поддршка од бизнис ангели, колку од нив користат поддршка од Seed Акселератори, како треба понатаму да се развиваат овие извори на поддршка за претприемачите, итн.
Видеата од овој проект се креирани да ја прикажат Македонската претприемачка приказна, на онлајн курсот: “Beyond Silicon Valley: Growing entrepreneurship in transitioning economies“ кој го следат преку 20.000 лица од целиот свет. Овие видеа тимот на проектот ги сними во периодот февруари – април 2015 со претставници од различни сектори и институции.
Средбите се одлична можност да се вмрежувате, поставувате прашања и да се информирате за претприемаштвото во земјата. Места и време на одржување на бизнис средбите низ Македонија:
16.04.2015 – Охрид – Универзитет за информатички науки „Св Апостол Павле“, поч. 08ч
16.04.2015 – Битола –Американско Катче, поч. 12ч
20.04.2015 – Штип – Американско Катче, поч. 13ч
21.04.2015 – Струмица – Агенција за Вработување на Р. Македонија, поч. 12ч
22.04.2015 – Струга – Меѓународен Универзитет, поч. 13ч
23.04.2015 – Охрид – Факултет за Туризам и Угостителство, поч. 12ч
27.04.2015 – Битола – Технички Факултет, поч. 11:00ч
28.04.2015 – Скопје – Универзитет Американски Колеџ, поч. 11ч
28.04.2015 – Скопје – Американско Катче, поч. 17ч
29.04.2015 – Тетово – Технолошки Парк на Штулов Универзитет, поч. 14ч
За да се пријавите како учесници на некоја од средбите, пополнете ја електронската пријава. Или контактирајте не на 078 201 854; info@cefe.mk
Веб страна: www.cefe.mk
ФБ фан страна: https://www.facebook.com/CEFEMacedonia