Објавено на април 23rd, 2015 | од Stefan Spasenovski
0Бизнис Средба Струга
This post is also available in: English
Во рамки на проектот „Зошто да одите во странство кога може да останете и да инвестирате во вашата земја“ се одржа бизнис средба во Струга (22.04.2015).
Благодариме на Меѓународниот Универзитет Струга што беа одлични домаќини и организатори на средбата, како и на U.S. Embassy Macedonia кои го поддржаа овој проект. На средбата имаше околу 70ина учесници од: бизнис и граѓанскиот сектор од Струга, професори од Меѓународнот Универзитет Струга, претставници од Општина Вевчани, како и студенти од Универзитетот, кои доаѓаа од Албанија, Турција, Косово, Македонија и Црна Гора. Пред учесниците се презентираа можностите за развој на претприемништвото во Македонија, свои излагања на тема „како да се спречи одливот на таленти“ имаа професори од Универзитетот, како и презентација на видеото за улогата на универзитетите во развој на претприемничкиот дух кај студентите.
Видеото е дел од онлајн курсот кој ќе ја претставува Македонската претприемачка приказна во курсот Beyond Silicon Valley: Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies.
За да ги погледнете фотографиите од настанот посетете ја нашата Фејсбук страна.