Вести

Објавено на април 2nd, 2018 | од admin

0

Јавен оглас / покана за учество на обуки за наследници на фамилијарни бизниси

Семејните бизниси отсекогаш претставувале многу важна карактеристика во економските структури на многу земји и важен извор за вработување.

Тие исто така се важни во обезбедувањето на континуитет помеѓу генерациите, истовремено овозможувајќи потенцијал за иновации, промени, подобрување на конкурентноста на фирмите и напредок.

Европската комисија ја препознава важноста на семејните бизниси и нивната улога за европската економија и промовира создавање поволна средина во која семејните бизниси можат да растат и да се развиваат. Еден од клучните предизвици е трансферот на бизнисот, кој во случај на семејни бизниси, бара ефикасен и успешен премин од една генерација во друга. Особено преку проектот ФАБУСС, целта е да им се помогне на младите луѓе поврзани со семејните бизниси да станат способни и ефективни наследници.

ФАБУСС е проект во чии рамки најпрво беа направени истражувања за состојбата и потребите на фамилијарните бизниси во државите учеснички во проектот, а подоцна беа изготвени материјали и алатки за обука. Експертите на проектот развија вкупно (6) модули за обука групирани во 3 теми:

Тема 1 – Свесност

Модул 1: Воочување на проблемите на фамилијарните бизниси

Модул 2: Транснационални сличности и разлики

Тема 2 – Подготовка

Модул 3:  Стратегии за раст за семејни бизниси

Модул 4: Лидерство на следната генерација

Тема 3 – Управување

Модул 5: Ефективно управување и одлучување

Модул 6: Комуникација и управување со конфликти

Партнерството на проектот го координира Атинската стопанска и индустриска комора и е составена од девет организации, универзитети, консултантски куќи и стопански комори, од пет земји од ЕУ (Грција, Бугарија, Кипар, Италија, Португалија) и од Република Македонија.

Обуките се наменети за 180 лица (30 од секоја земја) кои се наследници на фамилијарни бизниси, но и за сопствениците кои планираат да го предадат бизнисот на своите потомци.

Обуките ќе траат вкупно 25-часови, а методологијата на работа е комбинирана со практични сесии, дискусии, работа на терен, дополнети со е-учење и транснационални размени за соработка.

Обуките ќе бидат организирани во секоја земја-партнер на FABUSS, во период од 3 месеци (Април, Мај и Јуни, 2018 година). Во Македонија, обуките ќе се реализираат во средина на Мај 2018, во Скопје. Обучувачи ќе бидат експерти со долгогодишно искуство кои инспирираат и водат фамилијарен бизнис.

Добивките од овие работилници на наследниците на фамилијарните бизниси се:

  • Вмрежување со експерти и останатите наследници на фамилијарни бизниси;
  • Вештини и компетенции за успешно наследување на бизнисите;
  • Поврзување со сродни фамилијарни бизниси со партнерските земји од Јужна Европа;
  • Размена на искуства со бизниси од Јужна Европа;
  • Потенцијална соработка со клиенти од Јужна Европа;
  • Промоција на својот бизнис и преку своите практики, придонес за подобрување на обуката;
  • Сертификат издаден од ЦЕФЕ Македонија и од проектот ФАБУСС;
  • Пристап до ООР – Отворени Образовни Ресурси, наставни материјали и алатки за поддршка за успешна деловна сукцесија предвидена во платформата за е-учење на проектот ФАБУСС.

Пријавете се уште денес со пополнување на електонската пријава тука!

За подетални информации обратете се на info@cefe.mk или на 078/201-854 или посетете ја нашата веб страна www.fabuss-project.eu

Еразмус + Клучна Акција 2, Програма за Стратешки Партнерства

Број на проектот: 2016-3-EL02-KA205-002673

FABUSS Проект –FAmily BUsiness Successful Succession

Јавен оглас / покана за учество  на работилници за наследници на семејни бизниси

 


За авторот



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to Top ↑