Вести

Објавено на јануари 30th, 2021 | од admin

0

Четврта онлајн средба со партнерите од проектот “GET YES 2”

Во рамките на проектот „GET YES 2“ – Erasmus + KA2 – Градење на капацитети во областа на младите/ACPALA, ЦЕФЕ Македонија заедно со партнерите на проектот го одржаа четвртиот онлајн состанок на 27.01.2021 година. Покрај финализирањето на истражувањето кое што се спроведува во сите земји на проектот, што треба да се објави наскоро, партнерите ги дискутираа и следните теми:

  • Насоки за EACEA состанокот
  • Најчесто поставувани прашања за корисниците
  • Упатство за користење на грантот
  • Воведување во Планот за управување со проект и квалитет – TASKS file
  • Истражувања за WP 2.2

Сите точки беа детално елаборирани и сите партнери се согласија за крајниот рок за завршување на вториот извештај, кој ќе вклучува анкета за младите и нивната потреба од обука за претприемачи. Анкетата треба да се направи во јануари во сите земји-партнери: Македонија, Венецуела, Турција. Бугарија, Уганда и Филипините. Исто така, имаше краток разговор за тековната средба на партнерите во Истанбул, Турција.

Главната цел која на проектот е да се поттикне соработката, размената и надградбата на добрите практики помеѓу земјите од проектот со конечна визија – нови квалитетни работни места преку создавање на начин на размислување и култура на претприемништво меѓу економските чинители во општествата.


За авторот



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to Top ↑