ЦЕФЕ центрите во Македонија зајакнати со дополнителна вредност за пишување на проектни предлози
Во петокот на 26.06.2020 година, ЦЕФЕ Македонија успешно ја реализираше ZOOM сесијата Кои се “купувачите” на вашите проектни предлози? – Евалуаторите!, во рамки на проектот “Креирање на регионални центри за претприемништво во Источна Македонија“, кој е поддржан од Амбасадата на САД во Скопје, Македонија.
Како специјални гости на оваа обука беа двајцата евалуатори на Еразмус+ проекти: Александра Глигорович од Црна Гора и Волкан Мудерисоглу од Турција кои имаат богато искуство како проектни менаџери, евалуатори на проекти, едукатори, младински работници и лидери!
Учесниците на оваа сесија имаа можност преку дискусија со гостите евалуатори да се запознаат со клучните работи кои што се важни при пишување на успешни проектни предлози кои што ќе бидат грантирани.
На онлајн обуката се разговараше на следните теми:
– Критериумите за оценување проекти во Еразмус +
– Како оди техничката оценка и процедурите
– Што вреднуваат евалуаторите најмногу во проектите
– Што не сакаат и не треба да читаат во проектните предлози
Главната цел на оваа сесија беше преку информативни совети да се зајакнат ЦЕФЕ центрите во Македонија со цел се подобри пишувањето и управувањето на европски проекти.