Вести

Објавено на април 29th, 2016 | од admin

0

ЦЕФЕ Македонија придонесува за професионален развој на младите

На 08 и 09 Април во организација на АИЕСЕК Прилеп, се одржа Семинарот за Лидерство (Leadership Inspirational Seminar) во просториите на Економски факултет ­ Прилеп. На овој семинар беа присутни студенти и средношколци за да ги научат чекорите за постанување на лидер кој е потребен на денешницата.

Беа опфатени повеќе теми на дискусија, а како дел од нив беа превземање на ризик, лидерство во теорија и пракса, креативност и иновации, кариерна компетентност, управување со време и водење на тим, комуникациски вештини, претприемништвото како клучен фактор во самовработувањето, Преку пракса до искуство и стратешко планирање. Голема благодарност и оние кој беа дел од семинарот како предавачи и го пренесија своето знаење на една ентузијастичка група на учесници.

Како предавачи се појавија: Јован Сталевски, Михаил Темелкоски­Дворчанец, Доц. д­р. Моника Ангелоска-­Дичовска, Христијан Божиноски, Ангела Реловска, Цвете Станојоска, Огнен Јанески, Борче Василевски и Влатко Шејкероски генерален менаџер на Tilla за сесијата за успешна приказна.

Јован Сталевски зборуваше за мотивите и придобивките да се биде претприемач како и важноста на превземањето на ризик како една од важните претприемачки каактеристики.

#‎LIS‬#‎DARETOLEAD‬

 


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑