ЦЕФЕ Македонија овозможува учество во Еразмус + програмата за 200 лица
На ден 15.10.2020 година со почеток во 18:00 часот, ЦЕФЕ Македонија заедно со ЦЕФЕ Струмица и ЦЕФЕ Исток организираше онлајн настан под мотото “Преку Еразмус+ до нови животни хоризонти” кој беше во рамки на тродневниот глобален настан Денови на Еразмус+, каде паралелно во цел свет се акцентираат придобивките и бенефитите кои ги добиваат учесниците во таа програма.
Почетната цел на овој настан беше како да им ја доловиме вистинската слика на учесниците за тоа што претставува оваа програма, какви промени може да предизвика самото учество во оваа програма како личност и како професионалец и сето тоа да биде споделено преку реални искуства на луѓе кои што веќе биле учесници во истата.
На настанот се обратија пет искусни професионалци во своите области, кои со учесниците ги споделија своите искуства, како тоа ги има направено побогати како луѓе и како тоа им отворило пошироки хоризонти во животот и во нивната кариера. Како говорници кои споделија дел од своите лични искуства од Еразмус+ беа Константин Џиланов, Трајче Анастасов, Славица Јовческа, Стојне А. Димишкоска и Јаков Јовановски.
Крајната цел на настанот беше да им понудиме на учесниците нешто реално каде и тие како и нашите говорници, доколку пројават интерес да можат директно да ги осетат благодетите од Еразмус + преку нивно вклучување во некои од тековните и идните проекти кои ги имплементира ЦЕФЕ Македонија. Беше понудена листа на Еразмус+ проекти, кои ги имплеметира ЦЕФЕ со основни информации за тоа што е проектот и какви активности следуваат во рамки на тој проект, а потоа беше дозволено на учесниците да изберат каде имаат најголем интерес да бидат вклучени. Вкупниот број на учесници кои ЦЕФЕ може да ги вклучи во своите проекти е 200 лица.
Во прилог линк од самата листа: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSe2xrWG3-Lno0hglOFMRn_HE0uQpSDUKbTYSdQv5rG1c9NWTw/viewform
На настанот учествуваа вкупно 44 учесници кои беа регистрирани преку онлајн платформата ZOOM, а уште еден многу битен елемент околу настанот е дека целиот беше симултано преведуван на знаковен јазик па дел од учесниците беа лица со оштетен слух и се следеше од група на луѓе со оштетен слух во O2 МР кафе барот место во сопственост на лице со оштетен слух. Овде ни помогна толкувачот Луиза Николовска која се успешно ги пренесе сите информации на лицата со оштетен слух.
Сакаме да се заблагодариме на сите учесници и заинтересирани за програмата Еразмус+, надевајќи се на што поголем број на луѓе кои директно ќе ги искусат бенефитите од истата.