Вести

Објавено на март 7th, 2020 | од admin

0

ЦЕФЕ Македонија дел од обуката за ментори за социјално претприемништво во Солун

Од 11ти до 16ти февруари во Солун, Грција се одвиваше третата обука за ментори за социјално претприемништво со наслов “Ефективно Менторство“. Учесници се 24 ментори за социјално претприемништво од шест земји меѓу кои беа претставници од ЦЕФЕ Македонија (Маријана Андриќ, Александар Милошевски, Славица Јовческа и Марија Чакулевска).

Обуката е дел од проектот „Start it UP, Keep it UP“ поддржан од Erasmus+ програмата на Европската Комисија, Националниот совет на младински организации на Република Азербејџан и партнери од Грција, Хрватска, Бугарија како и ЦЕФЕ Македонија.

За време на обуката, во текот на панел дискусијата беа споделени искуства со менторите од секоја земја и предлози за поефикасен процес на менторство. На последниот ден од обуката, учесниците имаа можност да посетат неколку одржливи социјални бизниси во Солун и го дознаа нивното искуство.

Азербејџанскиот претставник Иса Зејнал рече: „Во светската практика, социјалните бизниси делуваат како природно решение за социјалните проблеми во заедницата. Совладувањето на ваквите практики во различни земји ќе има влијание врз развојот на социјалното претприемништво кај нас“.

Како дел од следната и последната фаза на проектот, учесниците ќе учествуваат на Меѓународниот форум за социјално претприемништво во Баку на 5-10 април 2020 година.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑