Вести

Објавено на август 7th, 2018 | од admin

0

ЦЕФЕ Глобална Конференција 2018

30 Години креираме компетентни претприемачи во целиот свет!

Ова е мотото на глобалната конференција за промотерите на ЦЕФЕ методологијата и филозофијата за претприемачки развој. Конференцијата се одржа од 31 јули до 03 август 2018 во Келн, Германија. На неа учествуваа 35 обучувачи, менаџери, консултанти, претприемачи од 4 континенти: Чиле, Перу, Венецела, Аргентина, Германија, Албанија, Србија, Белгија, Холандија, Ирак, Мароко, Либија, Тунис, Алжир, Тајланд и Шри Ланка.

Тука се разговараше и се поставуваа трендови и стратегии за:

  • развој на претприемништвото и малите и средни претпријатија
  • иновативноста во бизнис обуките
  • иднината на интернационалната соработка и ЦЕФЕ центрите
  • стандардите за квалитет на ЦЕФЕ брендот
  • зацврстување и промовирање на ЦЕФЕ во земји од Западна и Централна Европа и САД.

ЦЕФЕ Македонија ги претстави резултатите од своето работење во претходните 5 години при што опфати повеќе од 4000 учесници од различни таргетни групи и многубројни консултации и организирани настани.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑