„Форум за успешно наследување на семеен бизнис во Македонија“

Настан кој што ќе ве инспирира, мотивира и вмрежи!

Форум за успешно наследување на семеен бизнис во Македонија“

(Образовниот, јавниот и приватниот сектор заедно за иднината на семејните бизниси)

Датум: 21 и 22 ноември 2019

Локација: Хотел Милениум, Битола

Контакт: Јован Сталевски j.stalevski@cefe.mk и Оливера Ефтимовска olivera.e@cefe.mk

Економските актери и креаторите на политики во Македонија постојано бараат решенија за да создадат нови работни места и да го стимулираат економскиот раст. За таа цел најпотребно е креирањето на нови и иновативни компании, но секако и поддршка и раст на постоечките традиционални бизниси.

Во Македонија семејните бизниси заземаат речиси две третини од вкупната бројка на компании и имаат голем удел во бруто домашниот производ, како и во понудата на работни места. Од тука може да се каже дека се клучни за македонската економија.

Главна одлика на семејните бизниси, доколку се добро менаџирани, е нивната долготрајност, флексибилност и најважно од се, пренесувањето на капиталот, трансферот на вештините, знаењето и вредностите од една на друга генерација.

За таа цел, ЦЕФЕ Македонија, во соработка со институциите за поддршка на претприемачите, како и претставници на семејните бизниси, го организираат „Форумот за успешно наследување на семејните бизниси во Македонија.

Целта на форумот е да промовира и стимулира дијалог помеѓу младите наследници на семејни бизниси и креирачите на политики за развој на економијата во државата, да идентификуваат политики и активности кои што ќе го олеснат процесот на наследување на бизнисот како и негов раст и интернационализација.

Модераторите и гостите говорници преку дискусија со основачи и наследници на семејните бизниси, ќе ви ги пренесат добрите практики кои им овозможиле континуиран раст и развој на нивните компании, предизвиците со кои тие се соочуваат, како и решенија кои се покажале како најефикасни за надминување на предизвиците, политиките и активностите за поддршка на семејните бизниси во Македонија.

Преку оваа конференција сакаме да придонесеме кон:

– идентификување на сегашните и идните актери во екосистемот за поддршка на семејните бизниси

– разбирање и дефиниција на семејните бизниси и нивната важност за македонската економија

– потенцирање на некои од бариерите за одржлив развој и наследување на семејните бизниси и како да ги решиме

– идентификување на чекори што креирачите на политики можат да ги превземат за развој на семејните бизниси во државата

– пронаоѓање на иновативни идеи за соработка меѓу актерите во системот, што би резултирало со развој, успешно наследување на семејните бизниси и нивна интернационализација

– јакнење на младите наследници на бизниси со вештини за иницирање на дијалог и лобирање за креирање подобра клима за раст на семејниот бизнис

Освен знаењето и практичното искуство кое ќе ви го пренесат нашите почитувани гости, дополнителна вредност на овој настан е што по завршувањето на официјалниот дел, предвиден е и коктел, каде во релаксирана атмосфера ќе имате можност да се запознаете и да се вмрежите со останатите претставници на семејните бизниси, како и претприемачи со кои би можеле да остварите понатамошна соработка и размена на искуства.

Конференцијата е наменета за:

  • Сопствениците на бизниси кои сакаат да им го предадат бизнисот на нивните наследници;
  • Наследници кои имаат некакви вештини за водење и превземање на бизнисот;
  • Оние на кои што родителите сакаат да им го предадат бизнисот, но не се во бизнисот и немаат основни вештини за водење и превземање на бизнис;
  • претставници на институции кои го поддржуваат претприемништвото (финансиски институции, здруженија на граѓани, јавни институции за креирање на политики, лидери и претставници на бизнис инкубатори, акселератори, бизнис ангели, кредитни фондови).
  • Млади, студенти, претприемачи

Настанот ќе биде одржан на 21 и 22 ноември 2019 во Хотел Милениум, Битола, со времетраење од 09:00 до 18:00 часот.

Бидејќи местата се ограничени на вкупно 60 учесници и гости, Ве молиме резервирајте го вашето место навреме со регистрација на следниов линк.