Учество на ЦЕФЕ Македонија на Иновативен камп

На 23ти ноември 2018, во Скопје, се одржа Иновативен камп-натпревар на средношколци во оргaнизација на Џуниор Ачивмент Македонија, а со финансиска помош од USAID Macedonia.

KICK-IT Скутерс! се победници на Иновативниот камп 2018, на Џуниор Ачивмент Македонија. Тимот на ученици креираше електричен скутер под слоганот: Ако има тркало, има начин!

Преку трансформација на инвалидска количка во електричен тротинет, ќе им помогнат на лицата кои им е потребна во секојдневните активности на училиште, рекреативни центри и паркови, болници и рехабилитациони центри и институции, како и поголема пристапност до други активности во општеството.
На овој натпревар во претприемнички вештини учествуваа 110 ученици од 22 средни училишта од Кочани, Куманово, Дебар, Гостивар, Гевгелија, Прилеп, Кавадарци, Велес, Берово, Струмица, Струга, Охрид и Скопје. Тие беа групирани во 22 тима од по 5 ученици кои меѓусебно не се познаваат.

По низата тимбилдинг активности, на учениците им беше дадена задача да смислат производ или услуга што ќе придонесе кон подобра удобност на купувачот со понуденото парче мебел. Во текот на денот учениците работеа на развивање на нивната бизнис идеја со помош на 22 бизнис ментори (на секој тим му беше назначен еден бизнис ментор) од: BAS – Biznis Akademija Smilevski Софа СтудиоCEFE Macedonia – ЦЕФЕ Македонија, Aгенција за Подршка на Претприемништво (АППРМ), ИТ компанија ГДИ, KonektTINEX, Универзитет Американ Колеџ- Скопје, Image PR, Агенција Ханибиз и Универзитетот за Туризам и Менаџмент Скопје (УТМС).

Бизнис менторите ги насочуваа и охрабруваа учениците да ја развијат бизнис идејата според зададениот концепт и да подготват што поквалитетна презентација во PowerPoint во дадениот рок.
Во исто време, 30 наставници од средните училишта од цела Македонија присуствуваа на информативната сесија, за платформата на ESP, каде имаа можност да се запознаат со платформата, како таа функционира и како се спроведува во рамките на Програмата на Џуниор Ачивмент за ученичка компанија.

Во попладневниот дел, пред почетокот на презентациите од тимовите, на гостите им се обратија:
Г-ѓа Љупка Панчевска- в.д. Директор на Џуниор Ачивмент Македонија
Г-ѓа Хејзел Кореа- Канцеларија на УСАИД во Македонија
Г-дин Петар Атанасов- Заменинк Министер за Образование и Наука

По поздравните говори, 22 тима преку подготвените PowerPoint презентации ги претставија своите идеи и бизнис планови пред членовите на жирито во состав:
Константин Петковски- Универзитет „Св. Климент Охридски“-Битола
Горан Лазаревски- Сојуз на Микфинансиски организации
Дијана Зафировска- Тренинг Центар Ц.Е.С.
Дејан Бадаревски- Софа Студио
Кристина Павлеска- Народна Банка на Република Македонија

Учениците ги воодушевија присутните со своите иновативни решенија од паметни и безбедни инвалидски столици, столици со вградени појаси кои овозможуваат намалување на телесната тежина, дигитализирани столици наменети за гости во локали кои се произведуваат од рециклирани природни материјали и користат енергија произведена преку соларни панели, проиводство на модернизирани мулти функционални елегантни фотелји, дигитализирани столици наменети за училишни потреби на децата со пречки во развојот, до производство на паметна подлога за поудобно и правилно седење на било која површина.
По сумираните оценки од зададените критериуми за избор, жирито одлучи да го додели првото место на тимот број 2 во состав:

Сандра Јакимовска (АСУЦ „Боро Петрушевски„ –Скопје)
Загорка Јованова (СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци)
Душко Двојаковски (ОСУ „Ацо Русковски“- Берово)
Никица Манџуковски (СУГС Гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“- Скопје)
Сара Бранковска (СОУ „Перо Наков“ –Куманово)
Бизнис ментор: Даниела Карадаков (Бизнис Академија Смилевски)

Тим број 19 го освои второто место:
Сара Тодоровска (СОУ „Гоце Делчев“- Куманово)
Виктор Петрески (Средно економско општински училиште Гостивар)
Христина Нунеска (СОУ „Кузман Јосифоски-Питу“- Прилеп)
Никола Ефремов (СУГС „Никола Карев“- Скопје)
Ивана Трајковска (СОУ „Јане Сандански“- Струмица)
Бизнис ментор: Ана Аврамоска (Бизнис Академија Смилевски)

Третото место му припадна на тимот број 21:
Теодора Додевска (СОУ „Гоце Делчев“ –Куманово)
Анастасија Петровска ( АСУЦ „Боро Петрушевски“- Скопје)
Ева Стојановска (СУГС Гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин – Скопје)
Дафина Кобеци (ЦСНО „Здравко Чочоковски“- Дебар)
Верица Ахтарова (СОУ „Јане Сандански“ – Струмица
Бизнис ментор: Ивона Милева (Универзитет Американ Колеџ – Скопје)

Ние, тимот на ЦЕФЕ Македонија им честитаме на победниците и сме особено благодарни на Џуниор Ачивмент што ни овозможи да бидеме дел од овој настан.

*Текстот е превземен од Џуниор Ачивмент Македонија.