Вести

Објавено на јуни 5th, 2018 | од Trajche Anastasov

0

Учество на ЦЕФЕ Македонија на Годишна конференција на ИПА2 Mеханизам за граѓански организации

На 30.05 и 31.05.2018 во ТЦЦ Гранд Плаза беше одржана годишна конференција на „ИПА2 Механизам за граѓански организации“. Панел-дискусијата беше со цел да се поттикне дебатата и соработка меѓу актерите кои се вклучени во процесот на пристапување во ЕУ, како државни така и недржавни, преку подобрување на меѓусебните партнерски односи во искористувањето на европските фондови.

На првиот ден од конференцијата, учество зеде и ЦЕФЕ Македонија чиј претставник беше Јован Сталевски. Ставот и излагањето на ЦЕФЕ Македонија за поттикнување на инвестиции и конкурентност на македонската економија и земјоделство на годишната конференција на ИПА2 механизмот за граѓански организации беше следнииов:
1. Зголемување на финансиската писменост на населението.
2. Флуктуирачки курс на денарот заради стимулирање на меѓународната трговска размена.
3. Претприемачки компетенции на сите економски актери за креирање претприемачко општество.

Во рамки на конференцијата беа одржани повеќе панел сесии – паралелни сесии по групи на најразлични теми и беа дадени препораки за градење на структурен начин на соработка помеѓу Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор и граѓанските организации, како и заклучоци од работата на панел сесиите.

 


За авторот



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to Top ↑