Успешно се одржа првата Глобална ЦЕФЕ Конференција за Претприемништво 2022
На 25 и 26 август 2022 година во Скопје, Македонија претприемачите и идните претприемачи, лидери, едукатори, претставници на граѓански организации, влади и институции, заедно го прославија претприемништвото! Со големо задоволство пречекавме повеќе од 100 гости од 5 различни континенти, на првата Глобална ЦЕФЕ Конференција за Претприемништво, која се одржа во хотел Панорамика во Скопје, Македонија.
НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ПРОСЛАВИВМЕ:
-15 години пријателство и соработка од формирањето на ЦЕФЕ Македонија;
– 25 години откако ЦЕФЕ Методологијата гради компетентни економии во Македонија и Југоисточна Европа;
– Македонија е домаќин на меѓународна ЦЕФЕ конференција за прв пат по 30 години;
– Поддржувачи и придонесувачи во претприемачкиот екосистем;
– Претприемачи кои создаваат нова вредност за сите нас;
– Еразмус + програма и проект „Глобална размена и обука за вработување на млади 2“
ПРЕДНОСТИ ЗА ПРИСУТНИТЕ:
– Вмрежување и пријателства со луѓе од целиот свет
– Добри практики за вмрежување на претприемачите
– Учење за финансиските можности за реализација на проектни идеи;
– Запознавање и вклучување во креирањето на ЦЕФЕ стратегијата за 2030 година;
– Официјални сертификати за учесниците на конференцијата
– И што е најважно, забава и создавање на убави спомени;
На конференцијата имаше инспиративни разговори од претприемачи и лидери кои ги споделија своите размислувања и практики за нивните инспирации, идеи и нивните искуства во надминувањето на предизвиците, а вие учесниците добивте шанса да се поврзете со други истомисленици кои сакаат да научат повеќе за претприемништвото и економски развој низ целиот свет!
Конференцијата беше дел од проектот GET YES 2 финансиран од Еразмус+ програмата.