Вести

Објавено на ноември 26th, 2020 | од admin

0

Успешно реализиран настан во рамките на Глобалната Недела за претприемништво 2020

На 21.11.2020 година, во рамките на Глобалната недела за претприемништво се оддржа онлајн настан во организација на ЦЕФЕ Македонија, а во соработка со Startup Macedonia. Настанот се оддржа под насловот „ Competency based economies, through creation of entrepreneurs”. Целта на настанот беше да се прикаже влијанието на искуствените обуки врз градењето на компетенти претприемачи, а преку нив и на компетентни економии.

Самиот настан беше официјално отворен од претставникот на Глобалната Недела за претприемништво за Р.Македонија и StartUp Macedonia , Симона Чаминска. Настанот беше интернационален и учество зедоа голем број на ЦЕФЕ обучувачи и претприемачи не само од Македонија, туку и од други земји во светот, како што се Филипини, Венецуела итн.

Покрај презентацијата на добри пракси за креирање и промоција на претприемачка култура и придобивките од интелектуалната сопственост и бренд во водење на бизнис, самиот настан беше искористен и за промоција и инаугурација на новите ЦЕФЕ центри и обучувачи од Источна Македонија. Настанот се оддржа преку ЗУМ платформата и на истиот присуствуваа околу 30тина учесници.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑