Вести

Објавено на мај 23rd, 2018 | од Trajche Anastasov

0

Успешно реализирана првата обука за наследници на фамилијарни бизниси

На 18.05.2018 во просториите на Стопанска Комора на Македонија беше реализирана првата од трите предвидени обуки за наследници на фамилијарни бизниси во рамки на проектот ФАБУСС, чии реализатори во Македонија се ЦЕФЕ Македонија и Националниот младински совет на Македонија-НМСМ. На обуката учествуваа околу 40ина претставници на семејни бизниси од Скопје, Прилеп, Битола, Радовиш, Кавадарци, М. Брод, Велес, Охрид, Ресен и други делови на Македонија.

Темите кои што се обработија беа:

  • Разбирање на предностите и недостатоците на семејните бизниси.
  • Транснационални разлики и градење на компетенции на идните наследници.

На оваа обука, чие мото беше „научете ги вашите родители како да ви го остават бизнисот“, наследниците на фамилијарните бизниси се стекнаа со знаења со кои би се овозможила полесна транзиција на бизнисот на новата генерација.

Следната 2-ра обука е закажана на 07.06.2018 со почеток во 09:00 часот во просториите на Стопанска Комора на Македонија. Обучувач повторно ќе биде господинот Зоран Витанов, а ќе бидат обработени следниве теми:

  •  Стратегии за раст за семејни бизниси
  •  Лидерство на следната генерација

Сите заинтересирани можат да се пријават на следниов линк.

 

 


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑