Успешно реализирана онлајн обука за планирање проекти и пишување проектна апликација
Во периодот од 01-12 јуни, успешно беше реализирана Обуката за планирање и пишување на проектна апликација која што беше организрана од страна на ЦЕФЕ Македонија во рамки на проектот „Креирање на регионални центри за претприемништво во Источна Македонија“ поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.
На оваа обука учесниците беа водени низ процесот како својата идеја да ја претворат во успешна проектна апликација за добивање на грант. Притоа учесниците имаа можност и практично да ги применат сите точки од процесот на креирање на проектна апликација преку примена на пристапот на логичка рамка.
На онлајн обуката учествуваа претставници и соработници на ЦЕФЕ Македонија, а фасилитатор на сесиите беше Јован Сталевски, претседател на ЦЕФЕ Македонија, автор и ко-креатор на голем број национални и интернационални проекти.
Во текот на целата обука беа опфатени шест модули и на секој од нив се обработуваше по едно видео предавање од обучувачката Сунчица Саздовска од ГРЦ – Граѓански Ресурсен Центар. Учесниците се стекнаа со знаење кое што ќе може да го применат на следните отворени повици на кои што ќе имаат можност да конкурираат со конкретен проект.