Проекти

Објавено на октомври 2nd, 2019 | од admin

0

Успешно реализирана “Обука на ментори за социјално претпиемништво“

Дали имате ментор во Вашиот живот и дали имате придобивки од нив? Менторот игра голема улога во Вашиот личен развој, па затоа менторот е неопходен во секоја активност. Менторирањето е начин на пренесување на знаење, па токму затоа покрај индивидуалците, голем број на компании имаат свои ментори.

Поради таа цел, ЦЕФЕ Македонија реализираше уште една успешна обука, “Обука на ментори за социјално претпиемништво“, проект на Erasmus + програмата, која се одржа од 23 до 29 септември. Целта на оваа обука е да ги обучуваат социјалните бизниси во добивање вештини и компетиции како да ги менторираат младите луѓе кои што имаат идеја за социјален бизнис или социјална иновација. Покрај ЦЕФЕ Македонија во овој проект се вклучија и социјални претприемачи, професори од факултети, експерти кои што се дел од институции и организации кои ги поддржуваат претприемачите како и останати експерти дојдени од Турција, Азербеџан, Грција, македонија, Хрватска и Бугарија.

Сите учесници го дадоа својот придонес преку разменување на различни искуства околу менторирањето на социјалните бизниси. Од особена важност за овој проект беше вмрежувањето со останатите организации кои ги поддржуваат овој тип на бизниси.

Обучувачи на оваа обука беа Марија Аременски, која веќе врши менторирање на бизниси во рамки на проектот на UNDP и нашиот сетифициран ЦЕФЕ тренер Јован Сталевски кој исто така врши менторство на социјални бизниси.

Како дополнителна вредност не беше само обуката во просториите на ЦЕФЕ Македонија, туку и вмрежувањето со повеќе актери кои што работат на поддршка на социјалните бизниси. Во склоп на оваа програма беше одржан Startup Grind настан каде што учесниците можеа да слушнат инсиративни приказни на Теодора Чижбановска и Олга Рајчиќ за нивната апликација Chellenger која го прочистува воздухот во Скопје и ги мотивира луѓето да бидат eco-friendly. Имавме прилика да ја слушнеме и приказната на Сара Рајабли од Азербејџан која што преку нејзиниот социјален бизнис им дава можност за самовработување на жените во Азербејџан и нивните производи да ги продаваат до луксузни хотели и кетеринг служби во Азербејџан.

Третата приказна која што имавме можност да ја слушнеме е на Мартин и Радмила. Станува збор за претприемачи кои се со оштетување на слух и говор кои што нивната попреченост сакаат да ја претворат во своја можност и да започчнат бизнис со кафе бар кој ќе се вика О2 кој што ќе биде во центарот на Скопје и ќе биде поддржан од програмата на UNDP и АВРМ.

Во склоп на оваа програма имавме и вмрежување во просториите на Seavus Accelerator во Скопје. Каде што директорката Весна Ивановска ја претстави програмата на Seavus и успеавме да дознаеме што им нуди на потенцијалните претприемачи и што значи менторството на таа поддршка. Во рамки на таа посета, пет апликанти од програма се претставија пред нашите учесници со нивните идеи.

Секој кој што има одредена идеја за социјален бизнис, може да не контактира и ние да го поврземе со некој од нашите ментори во Македонија.

Како што кажавме на почетокот целата оваа програма беше дел од проектот “Start it UP, Keep it UP” на Erasmus +.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑