Вести

Објавено на ноември 30th, 2019 | од admin

0

Успешните искуства на “Џојфул Лидершип” во Хрватска од нашите учесници

Една од учесничките на обуката на “Џојфул Лидершип” што се одржи од 9 до 17 ноември 2019 во Загреб, Хрватска, Олгица Илиевска, ги сподели искуствата од овој тренинг.

Обуката траеше 7 дена и беше организирана од Udruga O.A.ZA. Имавме професионални тренери од Хрватска и Унгарија. Во текот на обуката имавме можност преку, практични примери, симулации, демонстрации и лично менторство да научиме како да ги развиеме вештините за да станеме лидери, како да ги искористиме тие вештини, како да бидеме инфлуенсери и да ги инспирираме и мотивираме другите. Зборувавме за видови на лидество и каква моќ поседуваат лидерите, како да ги поставиме нашите цели и како да ги реализираме, исто така како на ефикасен начин да ги претставиме нашите идеи пред другите. Освен тоа научивме како да го организираме нашето време за да бидеме поефикасни, како да бидеме дисцилинирани во остварување на нашите цели и како да успееме да го балансираме нашиот живот.

Имавме практични примери и вежби кои ги правевме поделени во групи, каде се стекнавме со знаење и искуство како успешно можеме да ги извршиме задачите во групата. Бевме околу 30 луѓе од 10 различни групи, со кои станавме добри пријатели, и од кои научивме многу но исто така и споделивме наши искуства и знаења. Дефинитвно прекрасно искуство каде се стекнав со многу нови вештини и прекрасни пријателства.

Изјава: Олгица Илиевска


За авторот



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to Top ↑