Вести

Објавено на јуни 25th, 2020 | од admin

0

Усогласување на проектните активности за време на „Ковид-19“ пандемијата

Претставниците на партнерските организации во рамките на прoектот Еразмус + КА2 Стратешко партнерство од областа на едукацијата за возрасни – „Одржлив развој преку спорт“, одржаа онлајн состанок за усогласување на активностите и визијата на проектот според состојбата со пандемијата со цел да се максимизира влијанието на резултатите од проектот.

Онлајн состанокот беше организиран од страна на организацијата ИКОС – Турција која е координатор на прокетот со учество на организациите, Спортот во Истанбул, ЦЕФЕ Македонија, ПОВОД – Словенија и Интеркултура – Франција.

Партнерите останаа посветени на основната цел на проектот, а тоа е да ги развијат клучните компетенции и да го подигнат знаењето за Целите за одржлив развој на ООН на наставниците / обучувачите за возрасни и да креираат инклузивни канали за жените кои не се дел од образовниот процес и се невработени со цел да го зајакнат општеството преку користење на спортот на локално и меѓународно ниво.

Во следниот краткорочен период, ова стратешко партнерство во областа на едукацијата за возрасни ќе работи на следните специфични цели:

  • Да се одржат трибини, истражувања и состаноци со засегнатите страни за да се откријат / анализираат предизвиците што доведоа до исклучување на невработените жени и оние кои што не се дел од едукативниот процес во земјите партнери.
  • Да се вклучат спортски работници, обучувачи и експерти за да се зголеми знаењето на наставниците / обучувачите за возрасни во контекст на врската помеѓу „Клучните компетенции на програмата Еразмус + и Важноста на доживотното учење“ и Целите на Одржливиот развој на ООН. Потербно е да се изработи Прирачник за наставници за возрасни, „Развој на алатки преку спорт“. Да се организира тренинг курс за наставници за возрасни што ќе се одржи во октомври 2020 година во Франција.

По состанокот на партнерите во Македонија, во септември 2020, партнерството ќе продолжи со други специфични цели:

  • Да се зголеми употребата на разни спортски алатки во областа на едукацијата за возрасни.
  • Да се зголеми компетентноста на наставниците и обучувачите за возрасни за различни теми како што се иновации и претприемништво, социјално, културно и активно граѓанство.
  • Да се создадат инклузивни платформи предводени од и за жените со цел да се борат со исклучокот на родова основа за да се постигне „Самоизразување, социјално и граѓанско учество и индивидуални процеси на учење преку создавање спортски можности.

Ги покануваме сите заинтересирани страни кои се занимаваат со спортот како алатка за едукација да постигнат одржлив развој преку родовата правда и оние кои се борат со родова-исклученост кои ги спречуваат невработените жени и жените кои што не се дел од образовниот процес да ги зајакнуваат нашите општества, можат да не контактираат на info@cefe.mk со цел да се постигне влијанието на овој проект да биде поголемо.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑