Објавено на септември 17th, 2020 | од admin
0Усогласени главните цели и фази на проектот „Социјално претприемништво за млади – SE4YOU”, Еразмус + КА2 Стратешко партнерство во областа на едукација на млади
На ден 16.09.2020 година, се одржа првата онлајн средба заедно со партнерите од Исланд, Грција, Кипар, Италија и Литванија во рамките на проектот „Социјално претприемништво за млади – SE4YOU”, Еразмус + КА2 Стратешко партнерство во областа на едукација на млади, со што и официјално беше означен почетокот на проектот.
На воведниот состанок помеѓу партнерите се дискутираше за главните целите и фази на проектот, за одговорностите на партнерите и за интелектуалните производи кои треба да произлезат од истиот.
Овој проект има за цел да ги поддржува младите луѓе кои што сакаат да се развиваат лично и професионално додека се грижат за другите суштества и нивната околина.
Проектот е поддржан од Еразмус+ програмата на Европската комисија.