Услуги

This post is also available in: English

Базирани на главната филозофија – развој на бизнис компетенциите кај луѓето, наш предизвик за работа се: економскиот, руралниот и човековиот развој, професионалната едукација, промоција на приватниот сектор, реформи во јавните институции, финансиски менаџмент како и креирање на економски политики.

Нашите области во кои сме компетентни се развој на приватен сектор, создавање на претприемничка околина, едукација и развој на пазарот на труд, развој на млади и според тоа, со задоволство ви ги нудиме следните услуги:

  1. Обезбедуваме соодветни експерти или партнерски организации;
  2. Подготовка на концепти или проектни идеи според вашите идеи и потреби.
  3. Имплементација на делови од програми;
  4. Целосно водење на проект според вашите барања (од обезбедување на соодветни експерти кои ќе го развијат концептот, поднесување на предлог проект, егзекуција на проектот, се до координирање на проектниот тим);
  5. Обуки скроени спред вашите потреби кои можат да бидат – Обуки од затворен тип (инхаус во вашата организација) – обуки за тим билдинг, фасилитирање на ритрит настани и се од долунаведеното.
  6.  Обуки од отворен тип:
  • Обука за бизнис вештини“ – Стандарден ЦЕФЕ тренинг за бизнис вештини. Диајниран да се прилагодува на специфични таргетни групи: млади, жени, од руралени средини, старт апи, вработени итн …
  • Skills Pays Bills” – Тренинг за вештини за вработување и кариера за млади.
  • Инклузивни вештини за вработување – Тренинг програма за здобивање вештини и знаења за вработување прилагодена за вклучување на учесници со попреченост.
  • “MANGO” – Обука за менаџмент на невладини организации.
  • Тренинг за тренери“– Обука за здобивање со обучувачки вештини + обука за обучување на лиценцирани ЦЕФЕ тренери.
  • Разгорување на креативност и иновативност – Обука за креативно размислување, решавање на проблеми и подобри одлуки.
  • Врв во менаџирањето – Сет од менаџерски обуки според потребите за компетенции на учесниците.
  • „Јавно-приватно партнерство“
  • “Beyond Silicon Valley” – Програма за поттикнување на регионален економски развој.
  • „Социјално претприемнштво“ – Обука за креирање на социјални претприејатија како и модели на социјално претприемништво.

 

Клиенти: Во претходните години сме работеле со различни клиенти во доставување на бизнис обуки, како што се: ГТЗ канцелариите во регионот, Светска банка, ЦЕЕД Скопје, Европската агенција за реконструкција и развој, МИКРОСАМ Прилеп, Mакедонски општини, Асоцијацијата за туризам на Црна Гора, СПАРК Амстердам, Бизнис Инкубатор – Битола, Национален Младински Совет на Македонија и многу други.

Share on Facebook0Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn0Share on Google+0Email this to someone

Back to Top ↑