Вести

Објавено на март 4th, 2019 | од Trajche Anastasov

0

Трибина за семејни бизниси

Настан кој што ќе ве инспирира и мотивира и на кој ќе имате можност да запознаете нови контакти!

Во Македонија семејните бизниси завземаат речиси две третини од вкупната бројка и имаат голем удел во бруто домашниот производ, како и во понудата на работни места, со што се клучни фактори во македонската економија.

Главна одлика на семејните бизниси, доколку се добро менаџирани, е нивната долготрајност, флексибилност и најважно од се, освен пренесувањето на капиталот – трансферот на вештините,  знаењето и вредностите од една на друга генерација.

Според податоците од истражувањето направено на територијата на Р. Македонија, кога станува збор за знаењата и вештините, како најсоодветни за претставаниците на семејните бизниси кои беа дел од ова истражување, се наведува потребата од:

  • Алатки и механизми за разбирање и менаџирање на клучни прашања поврзани со бизнисот;
  • Алатки и механизни за донесување на одлуки со компромис;
  • Познавања и вештини за креирање и имплементација на реалистична стратегија за раст на семејниот бизнис;

Испитаниците се изјаснија дека најсоодветен начин за стекнување со овие знаења и вештини е преку обука, како и споделување на искуства со други претставници на семејни бизниси.

За таа цел, ЦЕФЕ Македонија, во соработка со Центарот за бизнис психологија, ја организира оваа прва „Трибина за семејни бизниси“.
Зоран Витанов, Марина Анчевска и Јован Сталевски преку дискусија со основачи и наследници на семејните бизниси, ќе ви ги пренесат добрите практики кои им овозможиле континуиран раст и развој на нивните компании, како и решенија кои се покажале како најефикасни за надминување на предизвиците.

Бизнис трибината ќе се состои од два дела:

  1. Во првиот дел ќе се обработуваат теми кои ги засегаат основачите на семејните бизниси, а специјалните гости ќе дадат одговор на следниве прашања:
  • Како го започнале бизнисот?
  • Како дошле до идеја?
  • Дали е ова тоа што го започнале или имало промена?
  • Со кои предизвици се справувале?
  • Што е тоа што може да го споделат како совет?
  • Кои се нивните наследници? Дали ако немаат наследник би го продале бизнисот?
  • Дали се врзани за бизнисот?
  1. Во вториот дел ќе се обработуваат теми кои ги засегаат наследниците на семејните бизниси, а специјалните гости ќе дадат одговор на следниве прашања:
  • Како го чувствуваат бизнисот?
  • Како и зошто станале дел од бизнисот?
  • Со што се справуваат?
  • Бидејќи секоја нова генерација се разликува од претходната, какви промени направиле и како на тоа реагирале основачите на бизнисот?
  • Како семејниот систем влијае на организацискиот систем?
  • Дали можат да го одвојат семејството од организацијата или се испреплетени?

Освен знаењето и практичното искуство кое ќе ви го пренесат нашите почитувани гости, дополнителна вредност на овој настан е што по завршувањето на официјалниот дел, предвиден е и коктел, каде во релаксирана атмосфера ќе имате можност да се запознаете и да се вмрежите со останатите претставници на семејните бизниси, како и претприемачи со кои би можеле да остварите понатамошна соработка и размена на искуства.

За кого е оваа трибина?

  • За сопствениците на бизниси кои сакаат да им го предадат бизнисот на нивните наследници;
  • За оние што веќе работат во бизнисот и имаат некакви вештини за водење и превземање на бизнисот;
  • За оние на кои што родителите сакаат да им го предадат бизнисот, но не се во бизнисот и немаат основни вештини за водење и превземање на бизнис;

Настанот ќе биде одржан на 14.03.2019 во просториите на Јавна Соба, со времетраење од 11:00 до 14:00 часот.

Вашата инвестиција за овој настан ќе изнесува 600 денари, со вклучен пијалок и коктел.

Бидејќи местата се ограничени, Ве молиме резервирајте го вашето место навреме со регистрација на следниов линк.

Влезниците ќе може да ги купите на денот на одржувањето на настанот.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑