Вести

Објавено на декември 16th, 2016 | од admin

0

Трибина за младинска вклученост

Повеќе од 30 млади луѓе од Битола и околината, присуствуваа на панел дискусијата „Предизвици и патокази за младинската вклученост во Македонија“, организирана од Младиинфо, а во соработка со ЦЕФЕ Македонија

Целта на оваа панел дискусија беше поттикнување на младите погласно да ги артикулираат своите барања и заеднички да се залагаат за решавање на нивните проблеми и предизвици.

На трибината беа начнати многу прашања поврзани со севкупната вклученост на младите во македонското општество. Свое излагање имаа: м-р Никола Петровски, Институт за истражување и европски студии, Битола (социјална инклузија), проф. д-р Благој Ѓоргиевски, Правен факултет УКЛО, Битола (економска инклузија) и проф. д-р Горан Илиќ, Правен факултет УКЛО, Битола (политичка инклузија).

Се надеваме дека дискусијата предизвика преземање поголеми иницијативи за младинска вклученост при изнаоѓање решение за нивните проблеми и предизвици.

Во рамки на регионалниот проект „Средиште на Младински Банки на Западен Балкан и Турција“, до крајот на годината ќе се одржат уште два вакви настани во Струга и Скопје.

Share on Facebook0Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn0Share on Google+0Email this to someone


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑