Објавено на октомври 24th, 2018 | од Trajche Anastasov
0Тренинг за тренери во Истанбул, Турција
This post is also available in: English
Во рамки на проектот „Искуствено учење за угнетените групи возрасни“ од 15.10 до 21.10.2018 во Истанбул, Турција, беше одржана обука за обучувачи, каде учествуваше и ЦЕФЕ Македонија заедно со партнерските организации од Турција, Италија, Бугарија и Грција.
Целта на обуката, која траеше 44 работни часа, беше да се квалификуваат учесниците како би можеле да испорачаат искуствени обуки за возрасни, со фокус на бегалците. Секој тематски дел беше комбиниран со вежби, за да понатаму, учесниците би можеле да ги користат овие техники во нивната секојдневна работа.
Тимот од обучувачи се состоеше од Мустафа Ердоган од Турција и Јован Сталевски од Македонија, кои обучија вкупно 19 учесници, од кои три беа од Македонија-Стојна Атанасовска Димишковска, Бисерка Шемовска и Христина Христова.
Во понатамошниот период следуваат активности на припрема на прирачник кој би им помогнал на обучувачите при работата со бегалците.