Вести

Објавено на август 5th, 2020 | од admin

0

Транснационален состанок на партнерите од VOCCESS

На 04 и 05 август 2020, ЦЕФЕ Македонија беше домаќин на интернационален состанок со партнерите од проектот VOCCESS Онлајн. 

Целите на состанокот е да се презентираат резултатите од произведените едукативни материјали и проверка на фазата на известување и дисеминација на резултатите.

Во првиот ден партнерите споделија резултати од тестирањето и реализацијата на обуки за кариерен развој, а со тоа и:

  • Потврда на квалитетот на методологијата VOCCESS за кариерен развој, дека функционира и е прифатена од младите луѓе;
  • Потврда на квалитетот на онлајн едукативните материјали за кариера, за кои што младите кажаа дека ги поттикнале да размислуваат за нивната професионалан кариера,
  • Тестирање и употреба на апликацијата за кариерно профилирање на Андроид и IOS уреди, каде што младите добија свои профили за своја идна кариера според нивните интереси, пасии, вредности, способности и вештини.

Вториот работен ден е посветен на стратегии за проширување на резултатите надвор од партнерските земји, како и до институции и организации за кариерно насочување на младите во Европа.

Следна средба меѓу партнерите е планирана во Ноември 2020 во Валенсија, Шпанија, каде што ќе се финализираат целите и резултатите. 

Voccess Online – Erasmus+ KA2 Project е дел од Erasmus+ програмата и е поддржан и ко-финансиран од Европската унија.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑