Вести

Објавено на јуни 24th, 2018 | од admin

0

Средба меѓу различни генерации на семејните бизниси

ЦЕФЕ Македонија и Националниот Младински Совет на Македонија после завршетокот на работилниците за наследници на семејни бизниси, организираа средба меѓу различни генерации на семејните бизниси.

Целта беше да се најдат на едно место, младите наследници и нивните родители, односно претходната генерација на наследници и да се обучат за решавање на конфликти во компаниите, да разговараат за носењето на стратешки одлуки за продолжување на бизнисот, како и да се запознаат и разменат идеи со останатите семејни бизниси.

На средбата учествуваа околу 30 наследници и 10 тековни сопственици на бизниси од Радовиш, Скопје, Кавадарци, Битола, Прилеп, Охрид, Ресен, Тетово, Штип, Струмица. Настанот го водеше искусен ЦЕФЕ обучувач, Зоран Витанов, кој спроведе искуствени методи за постигнување на целите на работилницата.

Дополнителна вредност на оваа средба беше што тековните сопственици на бизнисите да се запознаат со она што досега нивните наследници го имаат научено за како правилно да го спроведат процесот на наследување на бизнисите.

Препораките на некои од тековните сопственици и наследниците беше да се здружат во организација која што ќе ги застапува интересите на фамилијарните бизниси, како и ќе нуди доедукација во зависност од потребите на тековните или идните сопственици.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑