Вести

Објавено на јануари 23rd, 2020 | од admin

0

Соработка со ЦЕФЕ Македонија во развој на Источна Македонија

Како што веќе информиравме во претходните известувања, ЦЕФЕ Македонија преку проектот “Креирање на регионални центри за претприемништво во Источна Македонија”, организира обука за обучувачи по претприемништво според ЦЕФЕ Методологијата. Видете го следниот линк за детали околу обуката.

Целта на обуката за обучувачи е да креира компетентни обучувачи, кои понатаму ќе спроведуваат обуки за бизнис вештини за различни целни групи во Источна Македонија, како и да работат на свои проекти или бизниси за економски развој на државата.

Значи со учество на обуката за обучувачи имате можност да ги надградите своите обучувачки компетенции и да отворите нови можности за напредок за вас и за вашата околина. Како?

После завршувањето на обуката за обучувачи, учесниците од истата, ќе имаат можност да реализираат работилници за бизнис вештини со селектирана целна група (млади, возрасни, вработени, невработени, претприемачи, итн) во периодот март-април 2020 во Источна Македонија. Обуките за бизнис вештини ќе бидат тридневни и секој обучувач ќе добие соодветен хонорар, коучинг и организациска поддршка од ЦЕФЕ Македонија.

Со поддршка на грантот од Амбасадата на САД во Македонија, проектот “Креирање на  регионални центри за претприемништво” предвидува и основање на нови ЦЕФЕ центри во Источна Македонија (легални ентитети) кои што ќе имаат за цел да ги градат капацитетите на визионерите и лидерите кои што ќе придонесуваат за развој на регионот.

Во периодот април – мај 2020 ќе се спроведат обуки за дизајнирање на проекти и обуки за развивање на заедниците. Преку овие активности, ЦЕФЕ Македонија ќе ги сподели своите искуства од проектно работење во земјата и странство со што новите центри ќе добијат “ветер во грб” за само одржливост.

Како што во 1997 се собраа визионери, лидери и обучувачи и основаа ЦЕФЕ тим во Македонија, кој што до ден денес промовира претприемачки вредности и култура, сигурни сме дека и овој проект ќе ги собере и ќе ги поддржи лидерите, поддржувачите и визионерите за да придонесеме за зголемен развој на Источните региони на Македонија.

Пријавете го вашето учество на обуката за обучувачи со пополнување на следната форма.

За подетални информации

Благој Трајков / +389 71 324 959 / blagoj.t@cefe.mk

Јован Сталевски / +389 78 437 267 / j.stalevski@cefe.mk


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑