Соработка со Правен Факултет, Битола

На 23.02.2018, ЦЕФЕ Македонија потпиша меморандум за соработка со Правниот Факултет од Битола. Овој меморандум го потпишаа Деканот на Правниот Факултет, Проф. Д-р Горан Илиќ и Претседателот на ЦЕФЕ Македонија, Господинот Јован Сталевски.

Целта на потпишувањето на овој меморандум е да се поттикнат младите правници да бидат попретприемчиви, a претприемачите – позапознати со правните аспекти при водење на бизнис.

Оваа соработка опфаќа:

·      Организирање и реализација на практична настава за студентите од Правниот факултет во зависност од расположивите можности;

·      Консултации и експертизи;

·      Вклучување експерти во исполнувањето на теоретските содржини на студиските програми;

·      Воспоставување на контакти и презентација на договорените страни пред домашни и странски субјекти;

·      Организирање на тркалезни маси и размена на искуства на разни панели, трибини и дискусии.

Голема благодарност до Деканот на Правниот Факултет Проф. Д-р Горан Илиќ, Доц. Д-р Елизабета Тошева, и Асс. М-р Ивона Шушак – Координатор на Правна клиника и сите присутни професори и студенти кои покажаа особен интерес за развој на претприемачкиот дух кај идните правници.