Вести

Објавено на март 19th, 2018 | од admin

0

Работилници во рамки на проектот „Претприемачко знаење за млади“

Во рамки на проектот „Претприемачко учење за млади“ во кој ЦЕФЕ Македонија е партнер заедно со „Sprijin si Dezvoltare“ од Романија и „Inercia Digital“ од Шпанија, на 27.03.2018 (Вторник) и 29.03.2018 (Четврток),со почеток во 16:00 часот, во просториите на ЦЕФЕ Македонија ќе бидат одржани две работилници.

На првата работилница која ќе биде реализирана од страна на Јован Сталевски, сертифициран ЦЕФЕ обучувач, учесниците ќе изработат опис на својата бизнис идеја, која понатаму ќе можат да ја преточат во одржлив бизнис план. Ќе бидат опфатени сите компоненти на бизнис планот и како да се постави базата за бизнис план кој понатаму ќе ги регулира сите процеси од работењето и развојот на една компанија. На оваа работилница учесниците, заедно со обучувачот ќе изготват бизнис план кој понатаму ќе го моделираат заедно со експертите кои ќе бидат ангажирани на втората работилница.

На втората работилница ќе бидат присутни експерти од најразлични области: Економист, правник, продукт и проект менаџер, претставник од финансиска институција и претприемач. На оваа работилница, учесниците ќе имаат можност преку директна интеракција и консултација со експертите да го модификуваат и да го адаптираат бизнис планот во однос на нивната визија, но и да се прилагодат процесите со што би се овозможил понатаможен раст и развој на компанијата.

Можност за учество на овие работилници имаат сите млади (18-29 години). За пријава и информации сите заинтересирани може да се пријават на info@cefe.mk и 078/201-754, најдоцна до 25.03.2018.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑