Проекти

Објавено на август 31st, 2015 | од admin

0

4. „Проект VI“

This post is also available in: English

Четворица претставници од Македонија учествуваа на обука за работа со деца и млади луѓе со целосно или делумно оштетен вид која се одржа во Свиндон, Велика Британија во периодот од 17-23 август. Целта на обуката беше да се претстават повеќе начини на кои децата/млади лица со целосно или делумно оштетен вид можат да се вклучат во различни меѓународни проекти за неформално образование. Обуката беше финансирана од Ерасмус+ програмата на Европската Унија, а беше организирана од Акт-Глобал, непрофитна организација која се занимава со обуки, волонтерство и меѓународни размени, во партнерство со Викта, организација која има за цел да им помогне на лица со целосно или делумно оштетен вид во Велика Британија. На обуката учествуваа 30 учесници од 5 земји: Велика Британија, Полска, Романија, Грција и Македонија, а ЦЕФЕ овозможи логистичка поддршка за учесниците од Македонија.

Оваа обука беше уникатно искуство кое на учесниците им овозможи да ги подобрат своите способности за работа со лица со целосно или делумно оштетен вид, да станат посвесни за потребите на овие лица и да ги вклучат во веќепостоечки или идни активности. Но, ова беше и одлична можност за учесниците од петте земји да се дружат и да споделуваат искуства од различните култури и работата во која се вклучени.

За време на обуката, беа организирани и активности за 60 семејства со деца со целосно или делумно оштетен вид. За време на овие викенд активности, учесниците од обуката директно се вклучија во низа активности заедно со децата и нивните семејства. Повеќето од активностите беа авантури на отворено и тоа: рафтинг, возење со мотор, џиновски лулашки, качување на вештачки карпи итн. Учесниците несебично го вложија своето време, посветеност и вештини за да ги водат децата низ активностите. Ова искуство е огромен поттик за учесниците на обуката да се заложат како амбасадори за инклузија на децата со оштетен вид, имајќи ја предвид важноста за овие деца и млади луѓе да имаат еднакви можности за да можат да ги реализираат своите потенцијали и да водат среќен и здрав живот.

Share on Facebook79Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn0Share on Google+0Email this to someone


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑