Проект за искуствено учење за образование преку спорт
- Име на пректот: Искуствено учење за образование преку спорт
- Програма: Еразмус+ Спорт
- Кординатор на проектот: ДЕМ (Турција)
- Партнерски организации: ЦЕФЕ Македонија, Спортски клуб Фабрика за шампиони (Бугарија), Институт ОДТИЗ за образование и инклузија (Словенија), Спортски клуб ТЕД (Турција)
ЦЕФЕ Македонија е дел од новиот проект Искуствено учење за образование преку спорт финанисран од Еразмус + програмата на Европската Унија. Проектот има за цел да придонесе за зајакнување на образованието во и преку спортот засновано врз методологија за искуствено учење со посебен фокус на развој на вештини.
Главните цели на проектот:
- Да се подобрат образовните капацитети засновани на искуствено учење на спортски и младински организации и нивниот персонал што го користат спортот како алатка.
- Да се развијат алатки и методи засновани на искуствено учење и методи за спортски активности со цел да се зголеми образовниот потенцијал на спортските активности.
Целните групи на овој проект се младински и спортски организации кои го користат спортот во своите активности, нивниот персонал и млади со помалку можности кои учествуваат во овие спортски активности.
ЦЕФЕ Македонија како организација која е дел од овој проект во својата методологија користи искуствени вежби и алатки кои имаат елементи на спортски игри преку кои се креираат претприемачки компетенции.