Вести

Објавено на јули 6th, 2017 | од admin

0

Пристап до самовработување за младите Роми и Еѓипјани

This post is also available in: English

Во месец јуни 2017 година, ЦЕФЕ Македонија реализираше обуки за бизнис планирање и финансиски менаџмент за околу 40 постоечки и потенцијални претприемачи Роми, Египјани и други малцинства од Скопски и Југозападен регион.
Обуките за бизнис планирање се одржаа на 5-6 јуни во Скопје и 12-13 јуни во Охрид, каде што учесниците научија од што се состои бизнис планот, кој вештини им се потебни за успешна реализација на бизнис план и разработка на бизниц идејата.
Обуките за финансиски менаџмент се реализираа на 19-20 јуни во Охрид и 28-29 јуни во Скопје, каде што учесниците се стекнаа со вештини за предвидување на готовински текови, читање на финансиски податоци, свесност и разликување на трошоци, креирање на цени, продажни техники како и финансики план.
Обучувачите Зоран Витанов и Јован Сталевски ги водеа обуките на начин кој е докажан за креирање на претприемачи – практика!
Организатори: @Македонска Развојна Фондација за Претпријатија и @Локална Агенција за Развој Струга.
Проект: Пристап на Ромите до самовработување. Финансиран од Европската Унија.

Share on Facebook0Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn0Share on Google+0Email this to someone


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑