Вести

Објавено на март 11th, 2020 | од admin

0

Претприемништвото ги поврза Економскиот факултет од Штип и ЦЕФЕ Македонија

На 25 февруари 2020 година, ЦЕФЕ Македонија потпиша меморандум за соработка со Економскиот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип. Целта на документот е взаемна соработка во остварувањето на визијата за креирање на локални и регионални економии засновани на компетенции и водени од претприемчиви личности.

Овој меморандум се потпишува во рамките на проектот “Креирање на регионални центри за претприемништво во Источна Македонија”, а начелната соработка меѓу претставниците од двете институции започна на обука за обучувачи по претприемништво, која се одржа во февруари 2020 во Штип.

Како што изјави деканката на Економскиот факултет, Проф. Д-р Оливера Ѓоргиева-Трајковска, овој меморандум ќе претставува рамка во која се дефинирани сите активности за соработката која ќе се заснова на искористување на научниот потенцијал, истражувачките, просторните капацитети на двете страни во насока на унапредување на едукативните и научните проекти.

Периодот кој што ни следува ќе го искористиме за организрање на обуки за претприемништво преку кои ќе го зголемиме претприемачкиот дух и претприемничките вештини кај студентите. Се надеваме дека токму преку овие активности ќе дадеме придонес на претприемништвото во Источна Македонија – изјави деканката на Економскиот факултет, Проф. Д-р Оливера Ѓоргиева-Трајковска.

Многу е важно дека ние се најдовме на иста фреквенција со професорите од факултетот за тоа што сакаме да го дадеме како вредност на студентите. Тоа е еден искуствен начин на работа, но и една култура на претприемништво. Ние ќе им помогнеме да гледаат можности и тие можности да ги претворат во вредност за општеството – изјави претседателот на ЦЕФЕ Македонија Јован Сталевски.

Сакаме да изразиме уште еднаш голема благодарност до Американската Амбасада во Скопје што ја препозна нашата идеја и визија и финансиски ја помогна оваа соработка која што произлезе од проектот “Креирање на регионални центри за претприемништво во Источна Македонија”. Преку овој проект ќе креираме нови ЦЕФЕ центри во Штип и во Струмица со кои студентите ќе имаат можност да соработуваат во развој на нивните идеи.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑