Вести

Објавено на декември 21st, 2017 | од admin

0

Претприемачка Академија за Млади во Брашов, Романија

This post is also available in: English

 

Од 05.12 до 12.12.2017, во Брашов, Романија беа одржани едукации за Социјално Претприемништво, како дел од проектот Претприемничка Едукација за Млади од Еразмус+ програмата за креирање и развој на млади претприемачи, во соработка со Sprijin si Dezvoltare од Романија и Inercia Digital од Шпанија.

 

ЦЕФЕ Македонија зеде учество со група од 20 идни млади претприемачи, кои заедно со групите од Шпанија и Романија (вкупно 60 учесници) беа поделени во неколку мешовити групи чие задолжение беше да развијат бизнис идеја која ќе ги вклучи загрозените социјални групи. По развојот на идеите и изготвувањето на бизнис плановите, групите беа задолжени да ги реализираат истите преку симулирана продажба/промоција во локалниот Трговски Центар.

Сите учесници се вратија збогатени со нови искуства и пријателства, но пред се со нови знаења и идеи кои би можеле да ги имплементираат во сопствените земји, каде преку развој на сопствен бизнис би им помогнале на социјално загрозените групи.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑