Вести

Објавено на март 28th, 2018 | од admin

0

Прашајте се за Вашиот почетен или постоечки бизнис

Она што се случува во бизнисот и секојдневните ситуации коишто можат да влијаат во растот и развојот на истиот, се најчесто изоставени во учебниците. Најчесто тоа се круцијални елементи и случувања во секојдневието на секој претприемач, но справувањето со овие ситуации кои најчесто се појавуваат непредвидено, може да се научи само преку искуство.

Бидејќи ЦЕФЕ Македонија препозна од колкава важност се овие ситуации при креирањето или развојот на еден бизнис, на наше задоволство, ангажиравме шест експерти од најразлични полиња, луѓе чие искуство им овозможува да ги препознаат и веќе знаат како да се справат со најразличните ситуации и проблеми од секојдневието на еден претприемач. Гости експерти на оваа работилница се: Зоран Витанов (претприемач и креатор на лидери), Снежана Мојсовска Саламовска (маркетинг специјалист и професор на Економски Факултет Прилеп), Влатко Данилов (претприемач и финансиски експерт), Јасмина Антич-Атанасовски (претприемач), Маја Ристова (адвокат и претседател на Асоцијација на менаџери на Македонија), Дејан Алчев (пристап до финансии, претставник од НЛБ Банка).

Работилницата ќе се одржи на 29.03.2018, во просториите на ЦЕФЕ Македонија, (Бул. Партизански Одреди 27/а/3) со почеток од 16:00 часот.

Местата се ограничени, пријавете се на 078/201854, 070/542779 или info@cefe.mk


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑