Вести

Објавено на март 8th, 2017 | од admin

0

Почеток на ФаБиС – меѓународен проект за семејни бизниси

На 21 и 22 фавруари во Атина, претставници на ЦЕФЕ Македонија учествуваа на состанокот за промоција на почетокот на проектот ФАБИС – Успешна сукцесија на семејните бизниси (FABUSS – Family Businesses’ Successful Succession).
Целна група на овој проект се млади на возраст од 18 до 35 години и потенцијални членови на семејството кои треба да го наследат семејниот бизнис. Целта на овој проект е да ги подготви членовите на следната генерација од семејството да станат рационални и ефикасни сопственици.

Специфични цели на проектот се:
1. Да се идентификуваат и да нагласат добрите практики за обука и поддршка на следната генерација на лидери на семејните бизниси
2. Да им се овозможат на лидерите од следната генерација потребните знаења, вештини и мрежи – национални и меѓународни
3. Да се зајакне знаењето и вештините на следната генерација лидери со тоа што ќе се исложат на транснационални добри практики, експертиза и тимска работа со членовите на целната група од другите земји
4. Да се поддржи одржливоста на семејните бизниси, нивното обновување и интернационализација за да се зајакне нивниот социо-економски придонес.

Според студијата од 2015 година „European Family Business Trends” 28% од анкетираните компании планираат да го предадат менаџирањето на бизнисот на следната генерација, 20% да ја предадат сопственоста на следната генерација и 15 % да го предадат управувањето на бизнисот на следната генерација.

ЦЕФЕ Македонија, меѓу останатите активности во рамките на овој проект, ќе биде задолжена за реализација на Тренингот за тренери кои ќе треба да ги обучуваат семејните членови кои треба да бидат следна генерација која ќе го наследи бизнисот.

Освен ЦЕФЕ Македонија, во проектот вклучена е уште една Македонска организација, а тоа е Националниот младински совет на Македонија (НМСМ). Останати земји во кои ќе се имплементира проектот се: Грција, Кипар, Бугарија, Италија и Португалија.
Овој проект ќе трае две години и е финансиран преку Ерасмус+ програмата на Европската Унија. Носител на проектот е Стопанската комора на Атина.

Share on Facebook0Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn0Share on Google+0Email this to someone


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑