Вести

Објавено на мај 27th, 2016 | од admin

0

Покана за панел со Мајкл Голдберг на 1 јуни во Битола

„Како да се развива претприемништвото во Пелагонискиот регион?“

Тимот на ЦЕФЕ Македонија, заедно со Амбасадата на САД во Македонија, Ве покануваат да земете активно учество на панел дискусијата „Развој на претприемништвото во Пелагонискиот регион“, која ќе се одржи на 01 јуни (среда) 2016 година, во хотел Милениум – Битола. Настанот ќе трае од 13ч до 15ч.

Ексклузивен гостин на настанот ќе биде проф. Мајкл Голдберг, кој ќе пренесе светски искуства и совети како им помогнал на различни екосистеми од САД, преку Европа, се до Африка и Азија.

Зошто баш ваков настан? Преку нашата работа на проектот „Зошто да одите во странство, кога може да останете и да инвестирате во вашата земја“ видовме различни програми кои што го стимулираат претприемништвото во скоро секој регион во Македонија. Но постои и јаз помеѓу лидерите на јавните институции и нивните заложби за поддршка на претприемништвото, актуелните пазарни можности за водење бизнис и потребите и спремноста на претприемачите. Тој јаз е местото во кое има потреба да се работи на креирање на нови програми и процеси кои систематично и мерливо ќе го стимулираат економскиот раст.

Која е целта?  Вмрежување и промоција на постоечките актери и начини за поддршка и развој на претприемништвото во Пелагонискиот регион, како и креирање на нови идеи и политики за функционирање во иднина.

Во еден ден е невозможно да ги покриеме сите посебности и процеси на претпремачкиот екосистем во Пелагонискиот регион па затоа ќе се фокусираме на следново:

  • запознавање на проф. Мајкл Голдберг со присутните и размена на мислења и совети,
  • разгледување на некои од бариерите за креирање и развој на новите компании, и како да ги решиме,
  • идентификување на чекори што креирачите на политики можат да ги превземат за развој на претприемачкиот екосистем во државата,
  • пронаоѓање на иновативни идеи за соработка меѓу актерите во системот, што би резултирало со висок раст на претприемништвото.

Ќе бидеме среќни доколку Вие како претприемачки умови, лидери и поддржувачи не почестите со вашето присуство, кое потенцијално може да прерасне во експертска група која што понатаму ќе генерира идеи и програми за економско јакнење на регионот.

Ве молиме известете не за вашето присуство на: info@cefe.mk или 075 830 203 Елена, 078 437 267 Јован.

Благодариме, и ве очекуваме во голем број!

Со почит,

Јован Сталевски

Претседател на ЦЕФЕ Македонија


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑