Вести

Објавено на август 26th, 2020 | од admin

0

Повик за учество на тркалезни маси кои се спроведуваат во рамките на проектот “Одржлив развој преку спорт”

Во рамките на проектот “Одржлив развој преку спорт” како дел од Еразмус+ програмата КА2: Стратешки партнерства во полето на едукација за возрасни, ЦЕФЕ Македонија спроведува повик за учество на тркалезни маси. Во перидот од 03.09.2020 до 04.09.2020 предвидени се две тркалезни маси кои ќе се одржат онлајн, на платформата ZOOM.

Тркалезна маса – Одржлив развој преку спорт 03.09.2020

Оваа тркалезна маса е наменета за тренери, ментори или учители кои ќе работат со жени кои треба да бидат вклучени во процесот на едукација, развој или наоѓање на работно место преку спортот. Тркалезната маса ќе се одржи онлајн, на платформата ZOOM, а линк од истата ќе ви биде испратен на мејл адресата која ќе ја оставите при пополнување формуларот кој што можете да го најдете на следниот линк.

Датумот на одржување ќе биде 03.09.2020 година со почеток во 18:00 часот.

Тркалезна маса – Одржлив развој преку спорт 04.09.2020

Оваа тркалезна маса е наменета за учесници жени во рамки на старосната група од 20 до 34 години. Тркалезната маса ќе се одржи онлајн, на платформата ZOOM , а линк од истата ќе ви биде испратен на мејл адресата која ќе ја оставите при пополнување на формуларот кој можете да го најдете на следниот линк.

Датумот на одржување ќе биде 04.09.2020 година со почеток во 18:00 часот

ЗА ПРОЕКТОТ

Овој проект има за цел да ги развие клучните компетенции на едукаторите/обучувачите за возрасни и да им даде на жените можности за вмрежување, учење и вработување преку користење на спорт. Исто така има за цел да го подигне знаењето за целите на Обединетите Нации за одржлив развој во светот!


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑