Вести

Објавено на октомври 31st, 2016 | од admin

0

Повик за учество на обуки за бизнис вештини во Битола и Скопје

ЦЕФЕ Македонија во рамки на проектот ГЕТ ЈЕС (Глобална Размена и Тренинг за Услуги за Младинско Вработување) ве поканува на уникатни обуки за претприемништво и бизнис планирање.

Главната цел на овие обуки е да ве обучи и да ви даде знаења и вештини за бизнис активностите како и подигање на свеста на кандидатите за можностите кои ги нуди започнувањето самостоен бизнис.

За кого е оваа обука? За сите потенцијални и постоечки претприемачи (за да ги надоградат своите бизнис перформанси), вработени во организации кои го помагаат претприемништвото (за да можат да ги разбираат потребите на прпетприемачите и да овозможуваат подобра околина за нив), едукатори, креирачи на политики, родители, вработени, студенти, невработени, како и лица со помалку можности!

На обукатапо претприемништво, ќе се усовршуваат вештини од генерирање и селекција на идеи, преку организација, маркетинг, истражување на пазарот, финансирање, се до креирање на бизнис план.

Обуките ќе се одржуваат по светски познатата ЦЕФЕ методологија, која што веќе 30 години покажува дека праксата е најдобриот учител за стекнување бизнис компетенции. Оваа метода содржи вежби кои се интерактивни и практични, како и симулации на реални ситуации кои ги ставаат учесниците во чевлите на еден претприемач или тим идаваат дополнителна вредност на целокупното стекнато знаење.

Теми кои ќе се разработат на обуката се:

  • Лични претприемачки карактеристики
  • Генерирање и селекција на идеи
  • Поставување на цели и менаџирање на околина
  • Организација и производство
  • Маркетинг и истражување на пазар
  • Финансиски менаџмент
  • Бизнис планирање

После оваа обука вие ќе бидете способни да:

  • Го препознаете својот претприемачки капацитет;
  • Воспоставите мрежа на бизнис контакти;
  • Ги разберете клучните структури и принципи на претприемачкото планирање;
  • Ги разбирете основните принципи на фнкционирање на пазарната економија;
  • Знаете како да го проценувате вашиот удел на пазарот;
  • Го препознаете влијанието на окружувањето врз вашата работа;
  • Сте свесни за слабите и јаките страни на својата бизнис идеја и конкуренцијата;
  • Ги пресметате основните средства;
  • Изготвите биланс на состојба;
  • Постигнете подобри резултати во водењето на компанијата, користејќи инструменти за финансиска анализа и планирање.

Производи кои ќе ги понесете од оваа обука се:

  • Рафинирана бизнис идеја која одговара на личноста
  • Изработена СВОТ анализа
  • Студија од пазарот
  • Финансиски план
  • Бизнис план

Обуката е дизајнирана да се реализира во пет дена, а целите ќе се постигнат во неколку сесии составени од практични и интерактивни вежби, дискусии, истражувања, фидбек сесии, работа на терен, работа во мали групи и минимум теоретско предавање.

Кој ќе не обучува?  Обуките ќе ги водат ЦЕФЕ обучувачи и ментори. Сите со долгогодишно искуство како обучувачи и бизнис консултанти. Елена Антоновска Едизер, Атанас Паланов, Зоран Витанов и Јован Сталевски.

КОГА ќе се одржува?  Скопје – од 14 до 18 ноември 2016 година. Битола – средина на декември.

Рабтилниците и сесиите ќе траат од 16:00ч до 20:30ч. Истражувањата ќе се одвиваат во пладневните часови.

КАДЕ? Обуката во Скопје ќе се одржи во ХабСкопје.

ВАЖНО: Местата се ограничени на 25 учесници.

Што добивам дополнително?

  • Секој кој што успешно ќе ја заврши обуката (активно присуство на најмалку 80% од обуката) се стекнува со сертификат издаден од ЦЕФЕ Македонија и потпишан од обучувачите;
  • Материјали во печатена и електронска форма;
  • Листа на контакти за ваше идно вмрежување и соработка;
  • Освежување, кафе и храна за време на обуката;

Што треба да инвестирам за себе? Покрај време и посветеност, се очекува од учесниците да инвестираат и мали финансиски средства.

Реалната цена на чинење за овој тип на обука е 18.000 денари по учесник. Благодарение на проектот и мисијата на ЦЕФЕ Македонија оваа обука ќе ви биде овозможена со инвестиција од само 900 денари*

Како да се пријавам? Пријавете се со пополнување на електронската пријава со целна дознака „Обука за бизнис вештини ГЕТ ЈЕС“ до 12 Ноември 2016 година. Потврдата на учеството се обезбедува со уплатени 900 денари на сметка на организаторот.

 

Контактите на организаторот на настанот од ЦЕФЕ Македонија: Елена Гагачева, 075/257-075, 078/201-854; elena.g@cefe.mk ; info@cefe.mk

* – Во случај на поголем број пријавени кандидати ЦЕФЕ Македонија го применува принципот „first come – first served“ (во случајот: прв пријавен – прв услужен).
– Во политиката на работа на ЦЕФЕ Македонија нема исклучоци при плаќањето на надомест за учество доколку лицето отсуствува на дел од обуката или е претставник од здружение на граѓани.
– За учесници со помалку можности (хендикеп, живеат во рурални области или се од социјално загрозени семејства) овие трошоци ќе бидат рефундирани после успешно завршување на обуката. 

Погледнете дел од атмосферата на претходни ЦЕФЕ обуки:

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.1021800674532646.1073741851.669733173072733&type=3

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10150177029842465.265390.62185562464&type=3

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.149198888596348.1073741832.106437769539127&type=3

https://www.youtube.com/watch?v=k6jbQzoydsk

 

Еве што кажаа дел од учесниците од претходни обуки:

На почетокот мислев дека ќе биде само уште еден обичен тренинг, но пристигнувањето во Кајзери, Турција и работењето на проекти цели четиринаесет дена го сменија мојот живот. Сите бариери, граиници, стравови ги оставив позади мене. ТоТ Цефе тренинг го смени мојот живот и моите гледишта кон мојата иднина, како отворање на мој бизнис. Им препорачувам на сите кои сакаат да станат претприемачи и да направат промени во светот, да присуствуваат на треинизи како ТоТ Цефе, затоа што јас сум доказ дека луѓето можат да се сменат.

(Моника Брзовска Петковска-Македонија)

 

Обуката за обучувачи во Кајзери беше како качување планина. На почетокот немаш ништо освен торба полна соништа. Со секој поминат ден, искачуваш нов рид, откриваш нови работи за себе. Сретнуваш луѓе по патот, кои ти стануваат пријатели, ги споделуваш своите соништа со нив и тие те охрабруваат да ги исполниш.

Како што се приближуваш до врвот, ги надминуваш своите граници и го даваш најдоброто од себе да се искачиш, излегуваш од својата комфорт зона, им помогаш на новите пријатели со нивните тешкотии на патот и одеднаш на работите околу тебе гледаш на друг начин. Можеш да видиш како светот околу тебе се менува.

И конечно стигнуваш таму горе, на самиот врв. И баш таму, откриваш дека всушност пред тебе има сосема нов свет.

Најтопло препорачувам, одете на ЦЕФЕ тренинг и откријте нов свет за вас.

(Косара Перчинкова – Македонија)

 

Пред неколку дена сфатив дека дури и некои од моите блиски пријатели, немаа поим што се случуваше во мојот живот во последниве месеци… На кратко, одлучив да не продолжам со мојата кариера како адвокат, барем не за сега. Имав голема среќа да ја имам  можноста да одам на интернационални тренинг курсеви. Таму се заљубив во искуственото учење, открив многу за себе и дадов голем дел од моето срце на многу неверојатни луѓе кои ги запознав.

Сега барам можности за започнување на бизнис. Имам неколку идеи и веќе почнав да работам на една од нив. Идеи, совети, соработки, предлози итн се многу добредојдени.

Ах, да во врска со моливот. Го скршив со показалецот. Добро, откако два или три пати не успеав и плачев заради тоа. Но сега, немам пречки!

(Мариа Касепалу- Естонија)

 

 

Share on Facebook168Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn0Share on Google+0Email this to someone


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑