Вести

Објавено на јуни 6th, 2022 | од admin

0

ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ НА ОБУКА: „Претприемништво преку спорт“

Дали сте заинтересирани за претприемништво? Дали знаете дека можете да научите за претприемништво преку спорт? Доколку сакате да стекнете претприемачки вештини, а во исто време да бидете активни и да се забавувате, ова е вистинската обука за вас. 

Во рамки на проектот „Оддржлив развој преку спорт“, ЦЕФЕ Македонија организира интернационална обука за „Претприемништво преку спорт“ која ќе се реализира во периодот од 20.06.2022-25.06.2022 год, во хотел Истатов, Дојран.

Работен јазик на обуката ќе биде Англискиот јазик.

Ги покануваме сите заинтересирани да се пријават на следниот линк.

Право на учество има следнава целна група: 

  • невработени, кои не се дел од образовниот процес во моментот
  • да се на возраст од 20-34 години
  • Да се мотивирани и заинтересирани за активно учлество на обуката

Доколку сте заинтересирани за учење на нови вештини, справување со нови предизвици, забава и дружба со учесници од други држави и стекнување на интернационално искуство, слободно пријавете се. 

Повеќе информации за обуката, како и за целите на проектот може да најдете во инфопакот

Трошоците за сместување и храна се покриени од страна на Еразмус + програмата. Можност за учество ќе имаат 6 учесника од Р.Македонија. Рокот за аплицирање е 15.06.2022. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани преку емаил.

Потребни ви се дополнителни информации, јавете се на 071/ 324-959 Благој или на blagoj.t@cefe.mk


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑