Вести

Објавено на март 4th, 2020 | од admin

0

Повик за учество на обуки за бизнис вештини во Источна Македонија

ВАЖНО: Ви благодариме на интересот што го имате за нашите обуки во Источна Македонија, но Ве известуваме дека поради настанатата ситуација со коронавирусот дека обуките ќе се одржат во планираните градови, но кога ќе се тргнат препораките од Владата на Република Македонија!

ЦЕФЕ Македонија во рамки на проектот “Креирање на центри за претприемништво во Источна Македонија” ве поканува на уникатни обуки за претприемништво и бизнис планирање.

Главната цел на овие обуки е да ви даде знаења и вештини за бизнис активностите како и подигање на свеста на кандидатите за можностите кои ги нуди започнувањето самостоен бизнис.

За кого е оваа обука? За сите млади потенцијални и постоечки претприемачи (за да ги надоградат своите бизнис перформанси), вработени во организации кои го помагаат претприемништвото (за да можат да ги разбираат потребите на прпетприемачите и да овозможуваат подобра околина за нив), едукатори, креирачи на политики, родители, вработени, студенти, средношколци, невработени, како и лица со помалку можности!

На обуката по претприемништво, ќе се усовршуваат вештини од генерирање и селекција на идеи, преку организација, маркетинг, истражување на пазарот, финансирање, се до креирање на нацрт бизнис идеја.

Обуките ќе се одржуваат по светски познатата ЦЕФЕ методологија, која што веќе 30 години покажува дека праксата е најдобриот учител за стекнување бизнис компетенции. Оваа метода содржи вежби кои се интерактивни и практични, како и симулации на реални ситуации кои ги ставаат учесниците во чевлите на еден претприемач или тим и даваат дополнителна вредност на целокупното стекнато знаење.

Теми кои ќе се разработат на обуката се:

  • Лични претприемачки карактеристики
  • Генерирање и селекција на идеи
  • Поставување на цели и менаџирање на околина
  • Организација и производство
  • Маркетинг и истражување на пазар
  • Финансиски менаџмент
  • Бизнис планирање

После оваа обука вие ќе бидете способни да:

  • Го препознаете својот претприемачки капацитет;
  • Воспоставите мрежа на бизнис контакти;
  • Ги разберете клучните структури и принципи на претприемачкото планирање;
  • Ги разбирете основните принципи на фнкционирање на пазарната економија;
  • Знаете како да го проценувате вашиот удел на пазарот;
  • Го препознаете влијанието на окружувањето врз вашата работа;
  • Сте свесни за слабите и јаките страни на својата бизнис идеја и конкуренцијата;
  • Ги пресметате основните средства;
  • Изготвите биланс на состојба;
  • Постигнете подобри резултати во водењето на компанијата, користејќи инструменти за финансиска анализа и планирање.

Производи кои ќе ги понесете од оваа обука се:

  • Рафинирана бизнис идеја која одговара на личноста
  • Изработена СВОТ анализа
  • Студија од пазарот
  • Нацрт финансиски план
  • Нацрт бизнис идеја

Обуката е дизајнирана да се реализира во три дена, а целите ќе се постигнат во неколку сесии составени од практични и интерактивни вежби, дискусии, истражувања, фидбек сесии, работа на терен, работа во мали групи и минимум теоретско предавање.

Кој ќе не обучува?  Обуките ќе ги водат обучувачи по претприемништво, обучени од ЦЕФЕ Македонија.

КОГА ќе се одржуваат?  Март – април – мај 2020 година.

КАДЕ?

Локација Време на реализација Место на реализација
Свети Николе 14/20/21 Март

 

Градска библиотека „Гоце Делчев“
Штип 22/28/29 Март Гимназија „Славчо Стојменски“
Кочани 27/28/29/30 Март Средно економско училиште „Љупчо Сантов“ -Кочани
Гевгелија 27/28/29 Март

 

Пионерски дом
Струмица 3/4/5 Април Сала на Совет во Дом на АРМ
Штип Април Економски факултет при УГД-Штип
Штип

 

Мај ПСУ САБА-Штип

ВАЖНО: Местата се ограничени на 25 учесници.

Што добивам дополнително?

  • Секој кој што успешно ќе ја заврши обуката (активно присуство на најмалку 80% од обуката) се стекнува со сертификат издаден од ЦЕФЕ Македонија и потпишан од обучувачите;
  • Материјали во печатена и електронска форма;
  • Листа на контакти за ваше идно вмрежување и соработка;
  • Освежување, кафе и храна за време на обуката;

Што треба да инвестирам за себе? Време, посветеност, активно учество.

Како да се пријавам? Пријавете се со пополнување на електронската пријава со цел на дознака „Обука за бизнис вештини во ——–“ до 09 март 2020 година.

Контактите на организаторот на настанот од ЦЕФЕ Македонија: Благој Трајков 071/324-959, blagoj.t@cefe.mk,

* – Во случај на поголем број пријавени кандидати ЦЕФЕ Македонија го применува принципот „first come – first served“ (во случајот: прв пријавен – прв услужен).

– Нецелосните пријави ќе се разгледуваат последни.

– Организаторите го задржуваат правото на промени на датумите или локацијата со најава на учесниците.

– Организаторите го задржуваат правото на комбинирање на групите заради хомогеност или хетерогеност, во зависнот од целите на обуките.

 Погледнете дел од атмосферата на претходни ЦЕФЕ обуки:

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.1021800674532646.1073741851.669733173072733&type=3

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10150177029842465.265390.62185562464&type=3

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.149198888596348.1073741832.106437769539127&type=3

https://www.youtube.com/watch?v=k6jbQzoydsk


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑