Проекти

Објавено на октомври 18th, 2019 | од admin

0

Повик за тројца учесници на обуката Joyful Leadership во Загреб, Хрватска

Концептот Joyful Leadership беше внимателно развиен од меѓународен тим на експерти, кои го истурија целото свое долгогогодишно искуство и знаење во овој холистички пристап „Дрво на животот“, сакајќи да ги оспособат новите генерации на лидери. Тие го дефинираа Joyful Leadership како „процес на влијание врз другите со радост за тоа што и како треба да се стори за да се постигнат целите во корист на сите“. Образовниот циклус се состои од курсот преку интернет (https://www.udemy.com/course/joyful-leader/), упатството (преземете го овде: https://www. enjoyful-leader.com/) и тренинг обуката.

На оваа обука вие ќе имате можност лично да се сретнете со менторите од онлајн обуката на Joyful Leadership, да разменувате искуства со нив, да запознаете и други мотивирани млади лидери и да дискутирате за секое прашање што ви паднало на памет додека ја гледате онлајн обуката.

КОГА И КАДЕ?

Втората обука Joyful Leadership ќе се одржи во Загреб од 9-ти до 17-ти ноември. 9-ти ноември е ден на пристигнување и се очекува да бидете во Загреб најдоцна вечерта. 17-ти ноември е денот на заминување и се очекува да се одјавите од сместувачките места во утрински часови. Активностите ќе траат 7 дена и ќе се одвиваат од 10-ти до 16-ти ноември.

Сите пријавени учесници ќе бидат сместени во Chillout Hostel кој се наоѓа во самиот центар на Загреб (адреса: Томичева 5А). Хостелот е модерен и исполнет со разигран простор.

На обуката ќе учествуваат 30 учесници од Ерменија, Грција, Романија, Хрватска, Италија, Македонија, Албанија, Чешка, Турција, Словачка и Португалија. 

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВАМ?

Сите оние кои што сакаат да се пријават нека испратат меил на info@cefe.mk со име и презиме, телефон и мотивација зошто сакате да бидете избрани. Потребни се тројца учесници од Македонија.

ДО КОГА МОЖАМ ДА СЕ ПРИЈАВАМ?

Рокот за пријаувување на оваа обука е до 22 октомври 2019 година.

Оваа обука е организирана од страна на OAZA, а поддржана од Erasmus Plus и Агенцијата за мобилност и програми при ЕУ.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑