Вести

Објавено на јуни 19th, 2018 | од Trajche Anastasov

0

Повик за трета работилница за наследници на фамилијарни бизниси

На повидок е трета, последна работилница наменета за наследниците на фамилијарни бизниси, која е во рамки на проектот ФАБУСС, финансиран од Еразмус + Програмата на ЕУ, каде како национални имплементатори и партнери во Македонија се ЦЕФЕ Македонија и Националниот младински совет на Македонија – НМСМ.

На претходните две работилници, преку 40 учесници се здобија со нови теоретски и искуствени знаења на следниве теми:

  • Разбирање на предностите и недостатоците на семејните бизниси;
  • Транснационални разлики и градење на компетенции на идните наследници;
  • Стратегии за раст на семејни бизниси; 
  • Лидерство на следната генерација.

Последната работилница ќе биде одржана на истото место каде што беа одржани и претходните две, односно во просториите на Стопанска Комора на Македонија, на 22.06.2018 (Петок) со почеток од 09:00 часот. Обучувач ќе биде повторно Зоран Витанов, а ќе бидат обработени следниве теми:

  • Ефективно управување и одлучување;
  • Комуникација и справување со конфликти

Овие две теми се круцијални за градењето на здрава микро средина и добри односи како во кругот на семејството, така и во бизнисот. За таа цел ќе биде одржано коктел дружење помеѓу сите учесници – млади наследници и нивните родители односно првата генерација на наследници – тековни наследници на семејни бизниси. Тоа ќе биде можност да можат и тековните сопственици на бизнисите да се запознаат со она што досега нивните наследници го имаат научено за како  правилно да го спроведат процесот на наследување на бизнисите.

Воедно ова ќе биде и одлична можност, да во една релаксирана и пријатна атмосфера, учесниците разменат искуства, се вмрежат и подобро се запознаат со целите на проектот.

Доколку сте или сте потенцијален наследник на фамилијарен бизнис и имате од 18 до 35 години, пополнете ја он-лајн апликацијата и потврдете го вашето учество со клик на следниов линк. За повеќе информации за обуката контактирајте не на е-маил адресата: info@cefe.mk или пак на телефонскиот број: 078 201 854.

Последниот рок за пријавување е 21.06.2018


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑