Вести

Објавено на јули 7th, 2017 | од admin

0

Повик за проектен координатор

ЦЕФЕ Македонија бара проектен координатор!

Кои сме ние?
ЦЕФЕ произлегува од англискиот акроним CEFE (Competency based Economies, Formation of Enterprises, или во превод економии засновани на компетенции, формирање на претпријатија).
Од 1997 година ЦЕФЕ обучувачите работат на подигање на свеста за претприемништвото во Македонија и Југоисточна Европа. Во 2008 година тој тим на обучувачи го основаа здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија во Скопје, како непрофитна и непартиска организација.
Од тогаш, се до денес, мисијата на ЦЕФЕ Македонија е да ги подобрува претприемaчките перформанси на економските актери преку стимулирање на претприемaчко однесување и развој на бизнис компетенции.
Нашата визија е формирана претприемачка култура и зголемена вработеност кај населението. Ние веруваме и работиме кон градење на претприемaчко општество и ги учиме лицата да бидат иноватори и претприемачи.
ЦЕФЕ Македонија е дел од глобалната мрежа на ЦЕФЕ Интернационал присутна во повеќе од 100 земји.
Нашите канцеларии и тренинг центар се наоѓаат на Бул. Партизански Одреди 27 а/3 во Скопје.

Што бараме?
– Искуство во пишување и водење на проекти (работно искуство во водење на проекти финансирани од европски фондови ќе се смета за предност)
– Искуство во подготовка на периодични и финални наративни извештаи
– Искуство во водење и планирање на финансии
– Најмалку 2 години работно искуство како проектен координатор
– Одлично познавање на македонски и англиски јазик
– Изградени способности за тимска работа, комуникација и интрапретприемништво
– Основно познавање на административно работење

Што нудиме?
– Работно време од 6 часа
– Едукација и вмрежување во областа на претприемништвото
– Службен телeфон
– Посета на интернационални обуки и семинари
– Средина за напредок во своите професионални и лични цели

Како да се пријавите?
Испратете биографија, мотивационо писмо и понуда за очекуван финансиски надомест на j.stalevski@cefe.mk до среда, 17ти јули 2017 година.

Share on Facebook9Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn0Share on Google+0Email this to someone


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑