Вести

Објавено на декември 20th, 2016 | од admin

0

Повик за учество на обука за бизнис вештини во Битола

ЦЕФЕ Македонија во рамки на проектот ГЕТ ЈЕС (Глобална Размена и Тренинг за Услуги за Младинско Вработување) ве поканува на втората обука за претприемништво и бизнис планирање, во Битола.

Главната цел на овие обуки е да ве обучи и да ви даде знаења и вештини за бизнис активностите како и подигање на свеста на кандидатите за можностите кои ги нуди започнувањето самостоен бизнис.

За кого е оваа обука? За сите потенцијални и постоечки претприемачи (за да ги надоградат своите бизнис перформанси), вработени во организации кои го помагаат претприемништвото (за да можат да ги разбираат потребите на прпетприемачите и да овозможуваат подобра околина за нив), едукатори, креирачи на политики, родители, вработени, студенти, невработени, како и лица со помалку можности!

На обуката по претприемништво, ќе се усовршуваат вештини од генерирање и селекција на идеи, преку организација, маркетинг, истражување на пазарот, финансирање, се до креирање на бизнис план.

Обуките ќе се одржуваат по светски познатата ЦЕФЕ методологија, која што веќе 30 години покажува дека праксата е најдобриот учител за стекнување бизнис компетенции. Оваа метода содржи вежби кои се интерактивни и практични, како и симулации на реални ситуации кои ги ставаат учесниците во чевлите на еден претприемач или тим идаваат дополнителна вредност на целокупното стекнато знаење.

Теми кои ќе се разработат на обуката се:

  • Лични претприемачки карактеристики
  • Генерирање и селекција на идеи
  • Поставување на цели и менаџирање на околина
  • Организација и производство
  • Маркетинг и истражување на пазар
  • Финансиски менаџмент
  • Бизнис планирање

После оваа обука вие ќе бидете способни да:

  • Го препознаете својот претприемачки капацитет;
  • Воспоставите мрежа на бизнис контакти;
  • Ги разберете клучните структури и принципи на претприемачкото планирање;
  • Ги разбирете основните принципи на фнкционирање на пазарната економија;
  • Знаете како да го проценувате вашиот удел на пазарот;
  • Го препознаете влијанието на окружувањето врз вашата работа;
  • Сте свесни за слабите и јаките страни на својата бизнис идеја и конкуренцијата;
  • Ги пресметате основните средства;
  • Изготвите биланс на состојба;
  • Постигнете подобри резултати во водењето на компанијата, користејќи инструменти за финансиска анализа и планирање.

Производи кои ќе ги понесете од оваа обука се:

  • Рафинирана бизнис идеја која одговара на личноста
  • Изработена СВОТ анализа
  • Студија од пазарот
  • Финансиски план
  • Бизнис план

Обуката е дизајнирана да се реализира во пет дена, а целите ќе се постигнат во неколку сесии составени од практични и интерактивни вежби, дискусии, истражувања, фидбек сесии, работа на терен, работа во мали групи и минимум теоретско предавање.

Кој ќе не обучува?  Обуките ќе ги водат ЦЕФЕ обучувачи и ментори. Сите со долгогодишно искуство како обучувачи и бизнис консултанти, Елена Гагачева, Катерина Кимовска Геровска, Моника Брзовска – Петковска и Јован Сталевски.

КОГА ќе се одржува?  16-20 Јануари 2017 година.

Рабтилниците и сесиите ќе траат од 16:00ч до 20:30ч. Истражувањата ќе се одвиваат во пладневните часови.

КАДЕ? Во Хотел Милениум, Битола.

ВАЖНО: Местата се ограничени на 25 учесници.

Што добивам дополнително?

  • Секој кој што успешно ќе ја заврши обуката (активно присуство на најмалку 80% од обуката) се стекнува со сертификат издаден од ЦЕФЕ Македонија и потпишан од обучувачите;
  • Материјали во печатена и електронска форма;
  • Листа на контакти за ваше идно вмрежување и соработка;
  • Освежување, кафе и храна за време на обуката;

Што треба да инвестирам за себе? Покрај време и посветеност, се очекува од учесниците да инвестираат и мали финансиски средства.

Реалната цена на чинење за овој тип на обука е 18.000 денари по учесник. Благодарение на проектот и мисијата на ЦЕФЕ Македонија оваа обука ќе ви биде овозможена со инвестиција од само 900 денари*

Како да се пријавам? Пријавете се со пополнување на електронската пријава со целна дознака „Обука за бизнис вештини ГЕТ ЈЕС“ до 12 Јануари 2016 година. Потврдата на учеството се обезбедува со уплатени 900 денари на сметка на организаторот.

Контактите на организаторот на настанот од ЦЕФЕ Македонија: Елена Гагачева, 075/257-075 ; elena.g@cefe.mk; info@cefe.mk

* – Во случај на поголем број пријавени кандидати ЦЕФЕ Македонија го применува принципот „first come – first served“ (во случајот: прв пријавен – прв услужен).
– Во политиката на работа на ЦЕФЕ Македонија нема исклучоци при плаќањето на надомест за учество доколку лицето отсуствува на дел од обуката или е претставник од здружение на граѓани.
– За учесници со помалку можности (хендикеп, живеат во рурални области или се од социјално загрозени семејства) овие трошоци ќе бидат рефундирани после успешно завршување на обуката. 

Погледнете дел од атмосферата на претходните ЦЕФЕ обуки

Future Entrepreneurship Ambassadors

Бизнис планирање за жени претприемачи

Претприемачки Гази Баба

Share on Facebook75Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn0Share on Google+0Email this to someone


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑